Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации (UNPD) и Општина Ранковце бр.08-753/1 од 18.10.2013 г., и Решение бр. 08 – 766/2од 22.10.2013г.Градоначалникот на Општина Ранковце, Општина Ранковце и Агенцијата за вработување на Република Македонија на ден 22.10.2013 г. објавуваат
ЈАВЕН ОГЛАС
ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОГРАМАТА
„ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА“
до ЕВИДЕНТИРАНИТЕ НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА
1. Се повикуваат евидентираните невработени лица, кои се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско корисна работа“проект „Грижа за стари лица“ заради работно ангажирање за период од 6 (шест) месеци, да се пријават во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центарот за вработување Крива Паланка или во архивата на Општина Ранковцe.
2. Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во програмата „Општинско корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со 20 работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од 6(шест) месеци статусот на невработените лица останува непроменет и на невработените лица корисници на социјална помош ќе им мирува остварувањето на ова право до истекот на работниот ангажман.
3. За секој кандидат кој ќе биде избран и вклучен во програмата „Општинско корисна работа“ се предвидува паричен надомест во нето износ од 6.000 денари месечно, ( со платен персонален данок и осигурување во случај на повреда при работа).
4. Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во програмата „Општинско корисна работа“ треба да спаѓаат во категоријата самохрани родители, други тешко вработливи категории на невработени лица ( корисници на социјална помош) или роми.
5. Заинтересираните невработени лица од точка 4 на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центарот за вработување Крива Паланкаили во архивата на Општина Ранковце, од 22.10.2013 година до 30.10.2013 година.
6. Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу Општина Ранковцеи кандидатите. . Детални информации за програмата „Општинско корисна работа“ можат да се добијат во Агенцијата за вработување на Република Македонија – Центарот за вработување Крива Паланка или во Општина Ранковце .