Резиме на завршени и идни настани во врска со имплементацијата на проектот “Заеднички акции за спречување од поплави во меѓуграничниот регион”

На 17 јули, 2017 година, заврши третиот квартал од имплементацијата на Проектот бр. СВ006.1.12.042 “Заеднички акции за превенција од поплави во прекуграничниот регион”, финансиран од страна на Интеррег-ИПА програмата за меѓугранична соработка помеѓу Бугарија и  Македонија преку договорот за грант РД-02-29-212 / 17.10.2016. Периодот за спроведување на проектот е 18 месеци.

 

Партнери во проектот се: Општина Ранковце (Република Македонија) – Водечки партнер и Општина Бобов Дол (Република Бугарија) – Партнер на проектот 2.

Во изминатиот извештаен период се завршени процедурите за избор на изведувачи за реализација на предвидените инфраструктурни активности во рамките на проектот за спречување на ризици од поплави, зајакнување на двата брега на реката Горештица на селото Мламолово, Бобов дол и Голем дол, Ранковце.

Во врска со граеджните активности беа одржани официјални церемонии “Поставување на камен темелник” за отворање на градилиштата во двете партнерски општини – Бобов Дол и Ранковце, на кои присуствуваа претставници на засегнатите страни; Партнерите на проектот; Изведувачите на договорите за услуги и градежни работи, како и граѓани од двете партнер општини.

 

Водечкиот партнер-Општина Ранковце одржа прес-конференција на која учествуваа тимот за управување со проектот и претставници од општината Бобов Дол.

Во Бобов Дол беше спроведена првата работилница на тимовите за управување со проектот од двете партнерски општини, на која беше разговарано за постигнатиот напредок и приоритетите поврзани со успешното спроведување на проектните активности согласно договорот за грант.

 

Како дел од мерките за информирање и промоција предвидени со проектот а со цел да се промовира проектот помеѓу широк опсег на јавноста креирана е Фејсбук  фан страница

(https://www.facebook.com/Common-actions-for-flood-prevention-in-the-cross-border-region-1944127822484204/?fref=ts),

 

Проектот се спроведува во согласност со распоредот и финансиската рамка, како и во согласност со условите и одредбите од договорот за грант.

 

Во новиот квартал на проектниот циклус во општината Бобов Дол ќе продолжат градежните активности, кои се со вкупно времетраење од 10 (десет) месеци по обезбедување на пристап до изведувачот до градилиштето. Во општина Ранковце веќе започнаа градежните работи за зајакнување на коритото на Голем Дол. Тие ќе бидат спроведени во рамките на проектираните временски рамки на проектот и нема опасност од одложување на севкупната успешна имплементација.

 

Паралелно со градежните активности се разработува заедничка стратегија за спречување на ризиците од поплави во двете погранични општини. Стратегијата ќе биде презентирана за време на кампањите за зголемување на свеста меѓу населението во општините Ранковце  и Бобов Дол.