На територијата на општината се лоцирани и 8 верски објекти – цркви и тоа во :
- Гиновци- црквата св.Никола која датира од 17 век а е обновена во 19 век.
- Опила – црква св. Никола со потекло од 13-14 век единствена во источниот дел на Македонија со подигнат влез.
- Отошница-црквата св.Јован изградена во 19 век
- Петралица – црква св.Ѓорѓи која потекнува од 17 а е обновена во 19 век
За оваа црква е карактеристично тоа што Царските двери се наоѓат во
гостинската соба на Републичкиот завод за заштита на споменици и култура.
- Псача – манастирска црква св.Никола која датира од 14 век а е изградена од
властодателот Влатко ,благородник на цар Душан . Од оваа црква се истакнува
бронзениот хорос кој е изложен во музејот на Македонија.
- Радибуш – црквата св. Параскева која датира од 19 век
- Ранковце -црквата св. Богородица која датира од 19 век
- Герман – црквата св . Троица нема сознание за периодот од кој потекнува