Образование

Лична карта на училиштето
На територијата на Општина Ранковце егзистира ОУ ,,Христијан Тодоровски – Карпош,,.  Училиштето е со традиција и работи од далечната 1956  година. Сега работи  во реновирана училишна зграда од 2000 година во посовремени услови. Бројот на ученици во оваа учебна година е 417 ученика. Вкупниот персонал во училиштето изнесува 50 вработени од кои 42 наставникa кои на најпрофесионален начин ја обавуваат својата работа. Наставата се изведува на современ начин посебно во опремениот кабинетот по информатика и англиски јазик, како и останатите училници кои се опремија со нагледни средства од Проектот за модернизација на образованието.


Слободни ученички активности

Во рамки на училиштето се реализираат и слободни ученички активности, во чии рамки работат литературна, рецитаторска и драмската секција, секција на млади  математичари, физичари и информатичари, хемиската секција, шпанска секција, секција за англиски јазик, историскатата и секцијата на млади географичари. Исто така во рамки на училиштето работи и училишниот хор, секцијата за спорт како и новинарската секција. Во рамки на новинарската секција моментално се подготвува Училишниот весник кој традиционално излегува во месец мај секоја учебна година, во кој се презентираат сите активности и успеси на училиштето во тековната година.

Нашата визија е: Учениците во нашето училиште ќе развијат интелектуални, физички и социјални вештини за да се одржи успешно нивната улога во демократските процеси на општеството и да дојдат до израз современите дотигнувања на науката, техниката како и индивидуалниот и психофизичкиот потенцијал.

Нашата мисија е: Да обезбедиме на секој ученик здрава животна средина која го потикнува воспитно-образовниот развиток и општа свест со всадување на желба за учење, одговорност, стекнување самодоверба и почитување на самиот себе и на останатите.

ОУ„Христијан Тодоровски –Карпош“ е иден творец на модерното основно образование.