Акционен План за активности на Општина Ранковце во областа на енергетска ефикасност за 2014 година

Врз основа на член 22 од Законот за локална самоуправа (“Сл. Весник на РМ” бр.5/02), член 132 став 3 од Законот за енергетика (“Сл. Весник на РМ” бр.16/11),Програмата за енергетска ефикасност на Општина Ранковце 2014-2016 бр.07-864/7 од 29.11.2013 година и член 23 од Статутот на Општина Ранковце (“Службен
гласник на Општина Ранковце” бр. 9/05 и 4/10), Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден 27.12.2013 година, донесе:
АКЦИОНЕН ПЛАН
За активности на Општина Ранковце во областа на енергетска ефикасност за 2014 година

I. ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА
Општина Ранковце, согласно член 132 став 1 од Законот за енергетика (“Сл.Весник на РМ” бр. 16 од 10.02.2011 година) има изготвено сопствена локална програма за енергетска ефикасност на Општина Ранковце за периодот 2014-2016 година, бр.07-864/7 од 29.11.2013 година.

Главна долгорочна цел на Програмата за енергетска ефикасност е да се
намали потрошувачката на енергија во објектите под општинска управа и уличното
осветлување во општината, со што позитивно ке се влијае врз подобрувањето на
локалните економски состојби и намалувањето на буџетските трошоци.

Основните цели на оваа Акциониот план за 2014 година произлегуваат од
тригодишната програма за енергетска ефикасност, а тоа се:

  • Зголемена свест за енергетски заштеди кај одговорните лица во
    општината кои донесуваат одлуки, извршителите и крајните потрошувачи
  • Зголемени инвестиции и зголемена примена на мерките за енергетска
    ефикасност во објекти кои се во сопственост или се користат од страна
    на Општина Ранковце,
  • Подобрување на контролата на потрошувачка и заштедата на енергија
    во овие институции,
  • Поттикнување на зголемунањето на капиталните инвестиции во другите
    сектори (образованието, детските градинки и културата) на општината, како
    резултат на заштедите на енергија,
  • Позитивното влијание од намалувањето на потрошувачката на енергија
    од аспект на заштита на животната средина.

II. ПРЕДВИДЕНИ АКТИВНОСТИ

Активностите на Општина Ранковце за имплементација на Програмата за
енергетска ефикасност за 2014 година, во главно се произлезени од тригодишната
програма за енергетска ефикасност, а се однесуваат на предвидените проекти:

Реден број Име на проект Вкупна Вредност(во МКД) Извори на финансирање
1 Замена на прозорци и врати(Општинска зграда Ранковце) 471.705,00 Буџет на Општина Ранковце
2 Топлинска изолација на кров(Општинска зграда Ранковце) 172.200,00 Буџет на Општина Ранковце
3 Термостатски вентили(ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце) 123.000,00 Министерство за образование и наука
4 Топлинска изолација на кров(ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце) 430.500,00 Министерство за образование и наука
5 Замена на прозорци и врати(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено) 271.830,00 Министерство за образование и наука
6 Реновирање на кров(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено) 107.625,00 Министерство за образование и наука
7 Замена на прозорци и врати(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш) 271.830,00 Министерство за образование и наука
8 Реновирање на кров(ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш) 107.625,00 Министерство за образование и наука
9 Замена на Hg со Na светилки(Улично осветление во о.Ранковце) 161.730,00 Буџет на Општина Ранковце
Замена на прозорци и врати (Општинска зграда Ранковце):

Состојбата на прозорците и вратите во Општинската зграда е многу лоша –
поголем дел од прозорците и внатрешните врати се дрвени и дотраени и во однос
на енергетската ефикасност се во многу лоша состојба, така што има големи загуби
на топлинска енергија, а со тоа и загуба на финансиски средства од Буџетодт на
општината. Со замената на старите дотраени дрвени прозорци и врати со нови ПВЦ
ке дојде до заштеда на топлинска енергија, а со тоа и финансиски средства.
Вкупната инвестиција се проценува на околу 471.705,00 денари, а средствата ке се
обезбетат од Буџетот на Општина Ранковце.

Топлинска изолација на кров (Општинска зграда Ранковце):

Општинската зграда има слаба изолација на кровот со што има големи загуби
на топлинска енергија и финансиски средства од Буџетодт на општината за
затоплување. За поставување на топлинска изолација на кровот на општинската
зграда се потребни 172.200,00 денари, а средствата ке се обезбедат од Буџетот на
Општина Ранковце.

Термостатски вентили (ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце):

Во зградата на ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце на грејните тела има обични
вентили, со замена на обичните вентили со термостатски ке дојде до заштеда на
топлинска енергија. Средствата се очекува да бидат обезбедени од Министерството
за образование и наука кои изнесуваат околу 123.000,00 денари.

Топлинска изолација на кров (ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце):

Зградата на ОУ „Х.Т.Карпош“ Ранковце има слаба изолација на кровот со што
има големи загуби на топлинска енергија, а со тоа и загуба на финансиски средства
за затоплување. За поставување на топлинска изолација на кровот на зграда на ОУ
„Х.Т.Карпош“ Ранковце се потребни 430.500,00 денари, а средствата се очекува да
бидат обезбедени од Министерството за образование и наука.

Замена на прозорци и врати (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено):

Прозорците и вратите во ПОУ „Х.Т.Карпош“ с. Одрено се дрвени, дотраени и
се во многу лоша состојба, што води кон големи загуби на топлинска енергија. Со
замената на старите дотраени дрвени прозорци и врати со нови ПВЦ ке дојде до
заштеда на топлинска енергија а со тоа и финансиски средства. Вкупната
инвестиција се проценува на околу 271.830,00 денари, а средствата ке се обезбетат
од Министерството за образование и наука.

Реновирање на кров (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено):

Кровната конструкција на ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Одрено е дотраена и е во многу
лоша состојба за што е потребна целосна реконструкција. Вкупната предвидена
инвестиција е околу 107.625,00 денари, а средствата се очекуваат од
Министерството за образование и наука.

Замена на прозорци и врати (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш):

Состојбата на прозорците и вратите во ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш е многу
лоша, – тие се дрвени и дотраени, во однос на енергетската ефикасност се
неефикасни, така што тоа води кон големи загуби на топлинска енергија. Со
замената на старите дотраени дрвени прозорци и врати со нови ПВЦ ке дојде до
заштеда на топлинска енергија а со тоа и финансиски средства. Вкупната
инвестиција се проценува на околу 271.830,00 денари, а средствата се очекуваат од
Министерството за образование и наука.

Реновирање на кров (ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш):

Кровната конструкција на ПОУ „Х.Т.Карпош“ с.Радибуш е дотраена и е во
многу лоша состојба за што е потребна целосна реконструкција. Вкупната
предвидена инвестиција е околу 107.625,00 денари, а средствата се очекуваат од
Министерството за образование и наука.

Замена на Hg со Na светилки (Улично осветление во о.Ранковце):

Согласно Програмата за енергетска ефикасност 2014-2016 година се
предвидува замена на уличното осветление со штедливи светилки. Програмата за
2014 година предвидува живините светилки да се заменат со натриумови кои се
штедливи, со што ке се намали потрошувачката на ел. енергија а воедно ке се
обезбеди заштеда на финансиски средства. Вкупната инвестиција се проценува на
околу 161.730,00 денари, а средствата ке се обезбетат од Буџетот на Општина
Ранковце.

 

III. ФИНАНСИРАЊЕ

Предвидените активности со Акциониот план за активностите на Општина
Ранковце во областа на енергетската ефикасност за 2014 година ќе се покриваат
со финансиски средства од Буџетот на Општина Ранковце, кои се предвидени за
2014 година, финансиски средства од Буџетот на Република Македонија, преку
Министерството за образование и наука.

 

IV. РАСПОРЕД НА БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА

Содржините предвидени со овој Акционен план се финансираат со посебни
ставки во Буџетот на Општина Ранковце.По потреба Акциониот план ќе се дополнува со активности за кои ќе се утврди дека се во согласност со целите на Програмата.

 

V. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ

Овој Акционен план стапува на сила осмиот ден од денот на објавувањето во
„Службен Гласник на Општина Ранковце“.

 

 

Бр. 07-955/5                                                                     СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
27.12.2013 година.                                                                          Претседател,
Ранковце.                                                                                      Тони Ангеловски