Согласно доставеното барање на Општина Ранковце до Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој , за користење на средства од Програмата за финансиска подршка на руралниот развој за 2011 година , мерка 3.1 за финансиска подршка за подобрување на квалитетот на живот во рурални средини –Проект за изградба на патна инфраструктура ,, Локален пат во село Отошница ,, се одобрени финансиски средства за изградба на пат во должина од 1 км .
70 % од финансиските средства за реализација на Проектот се подршка од АФПЗРР преостанатите средства се обезбедени од Буџетот на Општина Ранковце.