Активности во Општина Ранковце Ноември 2013

Во Општина Ранковце кон крајот на октомври 2013 година заврши изградбата со асфалтирање на улица во село Петралица и асфалтирање улица во село Гиновци. Додека за трите улици во Ранковце фазата на асфалтирање, според информации од надзорниот инженер и изведувачот треба да се реализира до средината на месец ноември.
Општина Ранковце во текот на летото аплицираше со свои проекти на јавните повици од ИПАРД програмата и бевме известени дека два наши проекти се прифатени и одобрени со привремените Решенија за финанасирање од АФПРР на РМ, и тоа: 1. за дел од локален пат с. Гиновци до с.Милутинци во должина од околу 1.100 m и 2. улица во село Псача во м.в. „Ѓоринска маала – преку дол“ во должина од 772 m.
Овие проекти очекуваме да се реализараат наскоро по спроведувањето на постапките за јавни набавки и изборорт на најповолен економски оператор.

Што се однесува до функционирањето на Советот на општина Ранковце, и понатаму има многу опструкции од страна на советниците на ВМРО-ДПМНЕ кои и по втор пат одбиваат да го  гласаат ребалансот на Буџетот на општината, но одбиваат да гласаат и други значајни одлуки со што и нанесуваат штета на Општина Ранковце.
Заради тоа Општина Ранковце не може да набави дефибрилатор , што е законска обврска, а за што здравствено-санитарната инспекција при министерството за здравство се заканува со високи глоби.
Од инаетењето на советниците на ВМРО-ДПМНЕ без причина, можат да бидат доведени и во прашање реализацијата на повеќе проекти, особено преостанатите средства од Светска банка во висина од 3,6 милиони денари кои следуваат по успешно реализираните претходно наведени проекти.
Се надеваме дека кај советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе надвладее разумот и на следната седница во месец ноември ќе гласаат конструктивно во интерес на сите граѓани на Општина Ранковце

Со почит,

02.10.2013 г.                                                   ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
Ранковце