Герман се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Ранковце чиј атар допира до државната граница на Република Србија и на другата страна до Општина Старо Нагоричане.
Оваа село е високопланинско и од растурен тип.
Од општинскиот центар е одалечено околу 20 km.
До селото води асфалтен пат што покажува дека е во добра комуникациска врска со општината и околните места.
Населбата потекнува од доцно античко време од кој период се и локалитетите: Селиште, Манастириште, Градиште итн.
Во Герман живеат 311 жители од кои најголем број се Македонци – 301 и 10 Срби и сите припаѓат на православната религија.
Во селото преовладува работоспособно население, кое се занимава со сточарство, полјоделство и шумарство.
Нема стопански објекти, а од општествени има основно училиште, амбуланта и караула затоа што е погранично место.
Исто така има и услужни објекти 2 продавници и 1 угостителски објект.
Со вода се снабдуват од извори поради немање водоводна мрежа.
Миграцијата од ова село е доста изразена.