Градоначалникот на Општина Ранковце г-дин Борче Спасовски изврши увид во изградбата на дел од канализациона мрежа за отпадни води за н.м.Љубинци, крак1 од Ш1 до Ш18 (Л=627,30м) и крак 3 од Ш35 до Ш18 (Л=710,95м) во село Љубинци. Притоа се запозна со тековните градежни активности за изградбата на канализациона мрежа за отпадни води.
Изградбата дел од канализациона мрежа за отпадни води ќе чини 3.911.700,00ден. Реализацијата на овој проект има за цел подобрување на условите за живот а ќе придонесе и за заштита на животната средина и природа.
Градежните работи ги изведува Друштво за производство, трговија и услуги ПОРТЛАНД-ОПЦ ДООЕЛ Струмица.