Општина Ранковце за подостапна информација до граѓаните на општинаската страна ја проследува информацијата за отворениот Јавниот повик за самовработување на Министерот за економија и труд и Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и тоа за Мерка 1.1 и Мерката 1.2 во рамки на Оперативниот план за вработување за 2025 година, кои имаат за цел поддршка на самовработувањето на невработените граѓани регистрирани во Агенцијата за вработување.
Мерката 1.1 е наменета за лица над 29 години и обезбедува финансиска поддршка од 430.500 денари односно 7.000 евра за основање на нов бизнис, а Мерката 1.2 се однесува за млади до 29 години, кои имаат можност да добијат поддршка до 615.000 денари или 10.000 евра за основање сопствен бизнис.
Двете мерки, исто така, вклучуваат обука за претприемништво, подготовка на бизнис план и менторство за 6-месечен период за целните групи, вклучувајќи ги и лицата со попреченост, припадниците на ромската заедница и жените од руралните средини.
подетални информации за повиците има на линкот :
https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-do-nevrabotenite-mladi-lica-do-29-godini.nspx
https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-povik-do-nevrabotenite-lica-nad-29-godini.nspx
Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до 20.06.2025 година
Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 08:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk
За информации може да се обратите и во Општина Ранковце од 07:30 до -15:30 часот
Со почит , Градоначалник
Борче Спасовски
