НАДЛЕЖНОСТИ НА ОПШТИНАТА

Општина Ранковце е надлежна за вршење на следниве работи:

  1. Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање,издавањето на одобрение за градење на објекти од локално значење утврдени со закон,уредувањето на просторот и уредувањето на  градежното земјиште;

 

  1. Заштитата на животната средина и природата – мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, заштита на прродата, заштита од бучавата и нејонизирачкото зрачење;

 

  1. Локалниот економски развој – планирање на локалниот економски развој; утврдување на развојните и структурните приоритети; водење на локална економска политика; подршка на развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото на локално ниво и во тој контекст, учествово воспоставувањето и развојот на локалната мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;

 

  1. Комуналните дејности – снабдувањето со вода за пиење; испораката на технолошката вода; одведувањето и пречистувањето на отпадните води; јавното осветлување; одведувањето и третманот на атмосверските води; одржувањето на јавна чистота; собирање, транспортирање и постапување со комуналниот цврст и технолошки отпад; уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници;снабдувањето со природен гас и топлинска енергија; одржувањето на гробовите, гробиштата,крематориумите и давањето погребални услуги; изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти; регулирање на режимот на сообраќајот; изградбата и одржувањето на уличната сообраќајна сигнализација;изградбата и одржувањето на јавниот простор за паркирање; одстранувањето на непрописно паркираните возила; од странување на хаварисаните возила од јавните површини; изградбата и одржувањето на пазарите; чистењето на оџаците; одржувањето и користењето на парковите, зеленилото, парк-шумите и рекреативните површини; регулацијата, одржувањето и користењето на речните корита во урбанизираните делови; определувањето на имиња на улици, плоштади мостови и други инфраструктурни објекти;
  1. Културата – институционалната и финансиската подршка на културните установи и проекти; негувањето на фолклорот, обичаите, старите занаети и слични културни вредности; организирањето културни манифестации; поттикнувањето на разновидни специфични форми на творештво;

 

  1. Спортот и рекреацијата – развојот на масовниот спорт и рекреативните активности; организирањето на спортски приредби и манифестации; одржувањето и изградбата на објекти за спорт; поддршка на спортски сојузи;

 

  1. Социјалната заштита и заштитата на децата – детски градинки и домови за стари (сопственост, финансирање, инвестиции и одржување); остварување на социјална грижа за инвалидните лица; децата без родители и родителска грижа; деца со воспитно – социјални проблеми; , деца со посебни потреби; децата од еднородителски семејства; децата од улица; лицата изложени на социјален ризик; лицата засегнати со злоупотреба на дрога и алкохол; подигање на свеста на населението; домување на лица со социјален ризик; остварување на право и воспитување на деца од предучилишна возраст.Вршењето на овие надлежности се во согласност со Националната програма за социјалната заштита;

 

  1. Образование –  основање, финансирање и администрирање на основни и средни училишта во соработка со централната власт, во согласност со закон, организирање на превоз и исхрана на ученици и нивно сместување во ученички домови;

 

  1. Здравствената заштита – управување со мрежата на јавни здравствени организации и објекти од примарна здравствена заштита кои треба да вклучат застапеност на локалната самоуправа во сите одбори на сите здравствени организации од јавна сопственост, здравственото воспитување; унапредување на здравјето; превентивни активности; заштита на здравјето на работниците и заштита при работа; здравствен надзор на животната средина; надзор над заразните болести; помош на пациенти со специјални потреби ( на пример, ментално здравје, злоупотреба на деца итн.) и други области кои ќе бидат утврдени со закон;

 

  1. Спроведување на подготовки и преземање мерки за заштита и спасување на граѓаните и материјалните добра од воени разурнувања, природни непогоди и други несреќи и од последиците предизвикани од нив;

 

  1. Противпожарна заштита што ја вршат територијалните противпожарни единици;

 

  1. Надзор над вршењето на работите од нејзина надлежност и

 

Други работи определени со закон.