Нова студија во Ранковце

IMC Worldwide во партнерство со ПоинтПро Консалтинг спроведуваат студија на Светска Банка во Македонија со цел оценка на влијанијата од подобрувањето на поврзаноста и пристапноста на рехабилитираните патишта врз намалувањето на сиромаштијата и социјалата вклученост.
Проектот ќе ги согледува ефектите од подобрената поврзаност на патната мрежа со посебен фокус на сиромашните и ранливите групи. Целта е да му се помогне на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) да ги идентификува постоечките проблеми и ограничувања во транспортот и како тие влијаат врз сиромашните, а потоа да испита какво може да биде влијанието од подобрените патишта, како на пример дали тоа ќе придонесе за подобрување на транспортот на добра од селата/населените места, подобар пристап до работни места и основни јавни услуги како училишта, болници и слично. Студијата ќе се обиде да ги согледа можните начини преку кои жителите долж планираните патишта за рехабилитација би ги почувствувале влијанијата од рехабилитацијата.
За оценка на овие влијанија, тимот на проектот во следните неколку недели ќе спроведува интервјуа, анкети на домаќинствата и фокус групи со цел прибирање на информации за потребите на заедниците во следниве пилот општини:
Боговиње, Дебар, Ранковце, Ресен и Росоман.
Во текот на следните неколку денови ќе бидат објавени подетални информации во врска со посетата на тимот на Ранковце и кога ќе се случуваат споменатите активности. Се надеваме дека ќе сакате да присуствувате и да слушнете повеќе за оваа нова студија.
За повеќе информации Ве молиме контактирајте не на:
Контакт информации: Општина Ранковце тел.031/380-444 e-mail:rankovce@rankovce.gov.mk

Нова студија во Ранковце