Селото се наоѓа во јужниот дел на општина Ранковце во подножјето на Осоговските планини од левата страна на Крива Река.
Низ него протекува и малата Одренска река.
Атарот на селото зафаќа и дел од Славишко поле и е од ридско-планински маалски тип.
Од општинскиот центар е одалечено 4 km и е со солидна собраќајна поврзаност.
Од автобуска станица во село Петралица е одалечено 1 km, меѓутоа патот што води до селото не е целосно асфалтиран.
Од податоците на заводот за статистика од 2002 год. се гледа дека во селото живеат 131 жител и тоа најголем број работоспособни.
По етничка структура освен македонци кои се 130 има и еден србин, а по религија сите се православни христијани.
Селото има полјоделско-шумарска функција, нема стопански ниту услужно-угостителски објкти, а од објекти од општествени стандарди има само 4 год. училиште.
<p