Псача

Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на општината од левата страна на Крива река на самиот магистрален пат Куманово-Крива Паланка и има добра комуникациска положба со општината и другите околни места.

Селото е ридско-планинско со најголем број на куќи сконцентрирани во близината на магистралниот пат и маала од разбиен тип во подалечните делови.

Од општинскиот центар е одалечено 8 km.

Според податоците од последниот попис во тука живеат 539 жители од кои само еден жител припаѓа на останатите етнички групи додека сите останати се со македонско етничко потекло.

Во однос на верската структура населението освен православни христијани има и тројца муслимани и еден од останатите религии.

Атарот на селото зафаќа простор од 12,4 km² со претежно полјоделско-шумарска функција.

Од објекти со општествени стандарди има Основно училиште, а од стопански стандарди има погон за производство на печурки “Бонум” и Живинарска фарма.

Во селото има и три услужни и еден угостителски објект.

Од инфраструктура патната мрежа во селото е нецелосно изградена додека проблемот со водоснабдување е решен со водовод кој е изграден во 1984 год.