Радибуш

Селото се наоѓа во средишниот дел на општина Ранковце, и е од ридско-планинско и од разбиен тип.

Од општинскиот центар е одалечено 4 km, а комуникациската поврзаност со општинскиот центар е со асфалтен пат меѓутоа нема автобуска врска.

Во селото според податоците од последниот попис живеат 157 жители, сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.

Селото има полјоделско-сточарска функција.

Oд полјоделство застапени се житариците и овошките, а сточарството е сконцентрирано на одгледување крупен добиток.

Во селото нема стопански и услужни објекти додека од општествени стандарди има само четиригодишно училиште.

Од инфраструктура има асфалтен пат до центарот на селото и изградена водоводна мрежа од која се обезбедува вода за домаќинствата.

Карактеристично за ова село е празникот на црквата св. Параскева на 8 август кога се собираат илјадници луѓе од општината и регионот.