Ранковце

Се наоѓа во средишниот дел на Славишко поле, од десната страна на Крива река на магистралниот пат кој води кон Деве Баир-Бугарија и претставува центар и седиште на општината.

Селото се состои од урбанизиран дел кој е сконцентриран во непосредна близина на магистралниот пат и маала од разбиен тип во поодалечениот дел.

Во селото според податоците од последниот попис живеат 1129 жители од кои 57 роми, 2 срби, 5 се во останатите етнички групи додека сите останати се македонци.

Во поглед на верската припадност освен православни христијани има 18 жители од муслиманската вероисповед и 1 припадник во групата од останатите религии.

Селото има претежно полјоделска функција.

Најголем дел од населението се занимава со одгледување на житни и градинарски култури, а од стока најчесто се одгледуват свињи и живина, претежно за индивидуални потреби.

Од стопански објекти во селото има млин “Славишка мелница”, конфекција “Kарпош” и Т.П. “Славишко поле”.

Од објекти од општествени и јавни стандарди има Ц.О.У. “Христијан Тодоровски Карпош”, Амбуланта, Ветеринарна станица, Полициска станица, Пошта и Месна канцеларија со седиште во општинската зграда, а во фаза е формирање на Јавно комунално претпријатие и Единица за противпожарна заштита.

Во селото има повеќе услужно угостителски објекти.

Од областа на инфраструктурата има нецелосно асфалтирани патишта во урбанизираниот дел, со вода населението се снабдува од водоводна мраежа која неодамна е реконструирана и сега ги задоволува потребите на населението, а целосно е решено и прашањето со канализационата мрежа во урбанизираниот дел од селото.