Градоначалник и совет
Градоначалник
| ЈКП Чист ден |

| Градоначалник |
|
|
|
Основното образование го завршува во ОУ 'Х.Т. Карпош” во с.Ранковце, а средно училиште завршува во Куманово. Моментално е апсолвент на Меѓународниот Славјански институт-Москва, факултет за Економија и организација на претприемништво. Од 1990 до 2000 година работи во АД “Малина”. Од 2000 до 2005 година работи со сопствена приватна фирма продажба и дистрибуција на кафе. Искуството како успешен во работата и во АД и преку сопствениот бизнис се мотив да се кандитира за градоначалник на Општина Ранковце на локалните избори 2005година. На истите избори тој убедливо победува како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Со успех и големи резултати, во изминатиот мандат, влегува во трка за втор мандат за престојните локални избори 2009 година каде исто така убедливо победува. Со својата работа и ангажираност го преродува својот роден крај о.Ранковце. Го красат атрибутите: Упорност, чесност, издржливост, истрајност, дружељубивост, со искрен и отворен настап пред луѓето. Орце Тодоровски е оженет, татко на две деца. |
|
| Последно ажурирање ( 30.04.2009. ) |
Општина Ранковце
|
||||||
|
||||||