|
Баратлија |
|
|
Конкретни податоци за оваа село нема бидејки истото се смета како да е дел од село Петралица, неговиот атар и другите податоци се во склоп на с. Петралица. Може произволно да се каже дека селото е ритско-планинско и од разбиен маалски тип , со маали кои се протегат на поголема надморска висина. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Вржогрнци |
|
|
Населбата се наоѓа во крајниот западен дел на Општината, нејзиниот атар граничи со Општина Кратово и Клечовце. Од Општинскиот центар е одалечено 7 km а од магистралниот пат 5 km и има солидна поврзаност со соседните населби. Населбата е од растурен маалски тип и потекнува од доцно античко време за што говорат и локалитетите од тој период: Блидеж и Лутавчина .
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Ветуница |
|
|
Населбата се наоѓа во крајниот југозападен дел од територијата на Општината ,сместена е од десната страна на Крива Река и низ селото поминува малата Ветуничка река . Селото е од растурен маалски тип , потекнува од доцното античко време , од кое е и потеклото на археолошкиот локалитет Грамади. Населбата лежи непосредно на магистралниот пат Куманово-Ранковце - Крива Паланка што значи дека е во добра комуникативна положба со околните населени места . Одалечена е од Општината 2 км со автобуска станица која се наоѓа на околу 600 м од центарот на селото |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Гиновци |
|
|
Населбата се наоѓа на јужниот дел на Славишко Поле недалеку од магистралниот пат Куманово- Ранковце -Кр. Паланка што покажува дека комуникациски е добро поврзано. Од општинскиот центар е одалечено 4 km . Во непосредна близина на селото тече Крива река (на околу 500 м) , селото е од рамничарски тип и изобилува со квалитетни земјоделски површини , затоа е погодно за земјоделско производство. Во селото живеат 311 жители и тоа 304 македонци , 2 се декларираат како срби, 4 роми и 1 останато. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Герман |
|
|
Герман се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Ранковце чиј атар допира до државната граница на Република Србија и на другата страна со Општина Старо Нагоричане. Оваа село е високопланинско и од растурен тип , од општинскиот центар е одалечено околу 20 km , до селото води асфалтен пат што покажува дека е во добра комуникациска врска со општината и околните места. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
|
| Резултати 1 - 5 од 18 |