Населбата се наоѓа на јужниот дел на Славишко Поле недалеку од магистралниот пат Куманово- Ранковце -Кр. Паланка што покажува дека комуникациски е добро поврзано. Од општинскиот центар е одалечено 4 km . Во непосредна близина на селото тече Крива река (на околу 500 м) , селото е од рамничарски тип и изобилува со квалитетни земјоделски површини , затоа е погодно за земјоделско производство. Во селото живеат 311 жители и тоа 304 македонци , 2 се декларираат како срби, 4 роми и 1 останато.
Селото според религиозната структура припаѓа на православната религија. Во однос на стопанските карактеристики ке кажеме дека ова село е едно од ретките села кое изобилува со стопански објекти и тоа : Бентомак, Малина, Живинарски фарми и ОП Осогово. Потоа постои мотел -ресторан со бензинска пумпа Кратер и еден спортско-рекреативен- риболовен центар Парк. Во селото нема објекти од општествени стандарди освен 4годишно училиште кое денес не работи. Поголем дел од селото е урбанизиран со канализациска и водоводна мрежа кој проблем е решен неодамна(2005 г.). |
|
Последно ажурирање ( 29.07.2008. )
|