Се наоѓа на средишниот - северен дел на општина Ранковце и е од ритски и расштркан тип. Од општинскиот центар е одалечено за 7 km и не е во добра собраќајна поврзаност со останатите населби, до него води колски пат кој е одалечен 4 km од магистралниот пат .
Селото во минатото било средно село а денес преминало во мало село , иселувањето се должи на непогодните услови за живот. Селото брои некаде околу 72 жители. во него преовладува старото население што се должи на миграцијата. Селото има претежно сточарско поледелска функција и во него не постојат објекти од стопанско и општествено значење како ни услужно - угостителски објекти, во селото не е решен ни проблемот со водоснабдување. |
|
Последно ажурирање ( 16.07.2008. )
|