Отошница се наоѓа на крајниот западен дел на општина Ранковце чиј атар допира до општина Старо Нагоричани. Населбата се протега до подножјето на планината Герман и има ритско-планински карактер. Од општинскиот центар е одалечено 5 km , до селото има асфалтен пат што значи дека е солидно поврзано со останатите центри, но не е поврзано со директен автобуски превоз. Селото потекнува од доцното античко време , на што укажуваат пронајдените археолошки локалитети: Аниште, Градиште, Лиске, Магила и др.и е од разбиен маалски тип.
Во селото според пописот од 2002 год. живеат 105 жители ,преовладува работоспособно население по етничка структура сите се македонци.Атарот на селото не е многу голем и зафаќа простор од околу 14,8 km², селото има поледелско- сточарска функција . Од сточниот фонд преовладуват говедата и овците . Во селото има Црква која датира од 19 век Св. Јован . Стопански објекти во селото нема како ни услужно -угостителски објекти, од објекти со општествени стандарди има четиригодишно училиште со мал број на ученици. Од посебно значење за селото е изградбата на вештачката акумулација на Отошничка река која е наменета за наводнување но во летниот период е доста посетена од локалните жители и други места т.е. има и рекреативна намена.
|
|
Последно ажурирање ( 14.07.2008. )
|