|
Опила |
|
|
Населбата се наоѓа на крајниот јужен дел на општината на левата страна на Крива Река еден дел од селото се протега во рамничарскиот предел додека другиот се протега на Осоговските планини , од ова се гледа дека селото е од ритско - рамничарски тип. Од општинскиот центар е одалечено за 1 km и има поволна географска положба бидејки се наоѓа на магистралниот пат Куманово- Кр. Паланка и е во добра собраќајна поврзаност со околните места.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Отошница |
|
|
Отошница се наоѓа на крајниот западен дел на општина Ранковце чиј атар допира до општина Старо Нагоричани. Населбата се протега до подножјето на планината Герман и има ритско-планински карактер. Од општинскиот центар е одалечено 5 km , до селото има асфалтен пат што значи дека е солидно поврзано со останатите центри, но не е поврзано со директен автобуски превоз. Селото потекнува од доцното античко време , на што укажуваат пронајдените археолошки локалитети: Аниште, Градиште, Лиске, Магила и др.и е од разбиен маалски тип. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
П'клиште |
|
|
Оваа планинско село се наоѓа во крајниот северозападен дел на општина Ранковце, атарот на селото се протега до општина Старо Нагоричане и граничната линија со соседна Република Србија. Селото се наоѓа на надморска висина од 1150 до 1250 m со куќи од расштркан тип. Од општинскиот центар е одалечено околу 20 km до селото води асфалтиран пат.
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Петралица |
|
|
Населбата се наоѓа на источниот дел на на општина Ранковце од десната страна на Крива Река на магистралниот пат кој води кон Република Бугарија . Селото е рамничарско ритско со густо населена населба покрај магистралниот пат и маала од растурен тип во повисоките делови од селото. Од општинскиот центар е одалечено 5 km и има солидна комуникацијска поврзаност со околните места и општината т.е. во селото има автобуска постојка со околу 12 автобуски врски дневно од регионален и локален карактер. Историските податоци за селото покажуват дека тоа потекнува од доцното античко време на што укажува постоењето на археолошките наоѓалишта ; Градиште , Дубрава и Кутлев крст .
|
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
Псача |
|
|
Населбата се наоѓа на крајниот југоисточен дел на општината , од левата страна на Крива река на самиот магистрален пат Куманово - Кр.Паланка и има добра комуникациска положба со општината и другите околни места. Селото е ритско- планинско со најголем бр. на куќи сконцентрирани во близината на магистралниот пат и маала од разбиен тип во подалечните делови од селото. Од општинскиот центар е одалечено 8 km. |
|
Прочитај повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Претходна 1 2 3 4 Следна > Крај >>
|
| Резултати 11 - 15 од 18 |