Почетна arrow Профил на општината arrow Населени места arrow Ранковце
Ранковце Испечати E-mail адреса

Се наоѓа во средишниот дел на Славишко поле,од десната страна на Крива река на магистралниот пат кој води кон Деве Баир- Бугарија и претставува центар и седиште на општината. Селото се состои од урбанизиран дел кој е сконцентриран во непосредна близина на магистралниот пат и маала од разбиен тип во поодалечениот дел од селото.
 Во селото според податоците од последниот попис живеат 1129 жители од кои 57 се роми ,
2 срби ,5 се во останатите етнички групи додека сите останати се македонци.
Во поглед на верската припадност освен православни христијани има , 18 жители од муслиманската религија и 1 припадник во групата од останатите религии.
Селото има претежно поледелска функција , најмногу населението се занимава со одгледување на житни култури  и градинарски култури, од сточниот фонд најчесто се одгледуват свињи и живина претежно за индивидуални потреби.
Од стопански објекти во селото има млин ,, Славишка мелница,, ; конфекција ,, Карпош,,  и
Т.П. ,,Славишко поле,,
Објекти од општествени и јавни стандарди има ЦОУ Христијан Тодоровски Карпош,Амбуланта ,Ветеринарна станица ,Полициска станица, Пошта и Месна канцеларија со седиште во општинската зграда а во фаза е формирање на Јавно комунално претпријатие и Единица за противпожарна заштита.Во селото има  повеќе услужно угостителски објекти .
Од областа на инфраструктурата има нецелосно асфалтирани патишта во урбанизираниот дел, со вода населението се снабдува од водоводна мраежа која неодамна е реконструирана и сега ги задоволува потребите на населението , целосно е решено и прашањето со канализационата мрежа во урбанизираниот дел од  селото.

Последно ажурирање ( 14.07.2008. )
 
< Претходно   Следно >

Инфо

Општина Ранковце

Поштенски Број 1316
тел. 031/380 444
факс 031/380 444
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Ранковце:
°
0

Скопје:
°
0

Линкови

Зелс

Локална самоупрва

Влада на Република Македонија

Собрание на Република Македонија

Македонија во ЕУ

skopjediem

krivapalanka.info


http://rankovce.gov.mk/web/images/stories/makedonski_zeleznici.png