Почетна arrow Профил на општината arrow Населени места arrow Ветуница
Ветуница Испечати E-mail адреса

Населбата се наоѓа во крајниот  југозападен дел од територијата на Општината ,сместена е од десната страна на Крива Река и низ селото поминува  малата Ветуничка река . Селото е од растурен маалски тип , потекнува од доцното  античко време , од кое е и потеклото на  археолошкиот локалитет Грамади. Населбата лежи непосредно на магистралниот пат Куманово-Ранковце - Крива Паланка што значи дека е во добра комуникативна положба со околните населени   места . Одалечена е од Општината 2 км со автобуска станица која се наоѓа на околу 600 м од центарот на селото
Во селото преовладува старо население кое претежно се занимава со поледелство и сточарство, во селото не постојат објекти од општествени стандарди ( школо, амбуланта , пошта и др. ) ниту пак стопански објекти.                               
Во поглед на инфраструктурата селото има  солидна патна мрежа , електрична енергија постои од 1970 година додека проблемот со водоснабдување е решен неодамна (2005 год) . Селото според податоците од последниот попис има  вкупно 57 жители , старосната структура на населението ке ја дадеме во следнава табела . Во однос на етничката припадност во селото живее само македонци.
Последно ажурирање ( 28.07.2008. )
 
< Претходно   Следно >

Инфо

Општина Ранковце

Поштенски Број 1316
тел. 031/380 444
факс 031/380 444
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Ранковце:
°C
0mb

km/h
Скопје:
19°C
1014mb

24 km/h

Линкови

Зелс

Локална самоупрва

Влада на Република Македонија

Собрание на Република Македонија

Македонија во ЕУ

skopjediem

krivapalanka.info