|
Нацрт урбанистички план за село П'клиште |
|
|
|
|
20.07.2010. |
|
Врз основа на член 69 став 1 од Законот за животна средина (Службен весник на РМ бр.53/05,24/07) , градоначалникот на Општина Ранковце го дава следното:
ЈАВНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
за стратешка оцена за животна средина на плански документ- Нацрт урбанистички план за село П'клиште урбан блок „1“ -викенд населба,Општина Ранковце 2010-2020 година.
Се известува заитересираната јавност дека Општина Ранковце во постапката за донесување на урбанистички планови изработи извештај за стратешка оцена за животна средина на плански документ- Нацрт урбанистички план за село П'клиште урбан блок „1“ -викенд населба,Општина Ранковце 2010-2020 година
Просторот за кој се изработува урбанистички план се наоѓа во КО Пклиште, покрај регионален пат Р-204 за с. Герман со површина на опфат од 7,30 Ха,а намената на предвидените објекти е викенд куќи.
Изработениот извештај како и нацртот на планскиот документ се достапни на заинтересираната јавност на интернет станицата на општина Ранковце www.rankovce.gov.mk ,како и во просториите на општина Ранкоце секој работен ден од 05.07.2010 година до 04.08.2010 година.
-.Јавна расправа ќе се одржи на ден 23.07.2010 година во 09 часот во просториите на Општина Ранковце каде заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да присуствуваат и да достават свои забелешки мислења и предлози. ИЗВЕШТАЈ ЗА СТРАТЕГИСКА ОЦЕНА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (Симни) |
|
Последно ажурирање ( 20.07.2010. )
|