Почетна
Оглас за продажба PDF Испечати E-mail адреса
19.10.2010.
 Врз основа на Одлуката за продажба на недвижна ствар Бр.07-408/3 од 30.07.2010 година и Одлуката за продажба на недвижна ствар Бр.07-408/4 од 30.07.2010 година, донесена од Советот на Општина Ранковце, Комисијата за располагање со движните и недвижните ствари во сопственост на Општина Ранковце,  објавува

О Г Л А С
За продажба на недвижни ствари сопственост на Општина Ранковце по пат на јавно наддавање

Продавач: Општина Ранковце с.Ранковце, 1316 Ранковце.
Предмет на продажба:
1. Недвижна ствар - објект, сопственост на Општина Ранковце, што се наоѓа во Општина Ранковце на КП. Бр.4693, с.Псача, запишан во Имотен лист за КО Псача број 352, со вкупна површина од 63 м², означен како:
- КП. Бр.4693, с.Псача, со вкупна површина од 63 м², зграда -1, влез -1, кат – приземје, стан – 1, со намена згради во останато стопанство, собност – 001, материјал на градбата – бетон -тули, година на градба -1965;
Почетна цена од 626.235,00 денари
Депозит: 125.247,00 денари

2. Недвижна ствар - објект, сопственост на Општина Ранковце, што се наоѓа во Општина Ранковце на КП. Бр.3028, с.Петралица, запишан во Имотен лист за КО Петралица број 392, со вкупна површина од 550 м², означен како:
-    КП. Бр.3028, с.Петралица, со вкупна површина од 14 м², зграда -1, влез -1, кат – 1, стан – 1, со намена на зградата во помошни простории, собност – 004, материјал на градбата – бетон -тули, година на градба -1949;
-    КП. Бр.3028, с.Петралица, со вкупна површина од 268 м², зграда -1, влез -1, кат – 1, стан – 1, со намена на зградата во училишта и научни институции, собност – 004, материјал на градбата – бетон - тули, година на градба -1949;
-    КП. Бр.3028, с.Петралица, со вкупна површина од 268 м², зграда -1, влез -2, кат – приземје, стан – 1, со намена на зградата во помошни простории, собност – 009, материјал на градбата – бетон -тули, година на градба -1949;
Почетна цена: 637.017,00 денари.
Депозит: 127.403,40 денари.
Начин на продажба:
Продажбата ќе се изврши по пат на јавно наддавање за секоја недвижна ствар одделно.
Право на учество:
Право на учество на јавното наддавање имаат домашни и странски физички и правни лица кои ги исполнуваат условите за купување на недвижни ствари во Република Македонија и кои ги исполнуваат условите од Огласот.
Услови за учество на јавното наддавање
Заинтересираните физички и правни лица треба да поднесат Пријава за учество на јавното наддавање, согласно условите од Огласот, во затворен плик со назнака „не отварај“ адресирана до Комисијата за располагање со движните и недвижните ствари во сопственост на Општина Ранковце. Во Пријавата за учество треба да содржи податоци  за понудувачот (име/назив, адреса , контакт телефон), недвижната ствар за која се поднесува пријавата со наведување на редниот број од огласот, трансакциона / жиро сметка на подносителот на пријавата на која треба да се врати уплатениот депозит.  Кон пријавата треба се да достави:
- Доказ за платен депозит за учество на јавното надавање
- Доказ за идентитет:
 за физичо лице, фотокопија од лична карта
за правно лице, доказ за регистрација на правното лице
Краен рок за прием на Пријавите е најдоцна до 10.00 часот на 24.11.2010 година во Архивата на Општина Ранковце.
Ненавремените и некомплетните пријави ќе бидат отфрлени од Комисијата и на понудувачите нема да им се даде право на учество на јавното наддавање.
    Депозит:
Понудувачот треба да уплати депозит за учество на јавното наддавање најдоцна еден ден пред денот на одржување на јавното наддавање.
Висината на паричниот депозит кој треба да се уплати изнесува 20% од почетната цена на недвижна ствар предмет на јавното наддавање.
Депозитот треба да се уплати на жиро-сметка број 100000000063095 Примач: Трезорска сметка, Банка на примачот: НБРМ, Сметка на буџетски корисник 759014051769614, Приходна шифра и програма: 725939 00 со цел на дознака:
 „Депозит за јавно наддавање за недвижна ствар Реден број –“.
Најповолниот наддавач кој нема да пристапи кон склучување на договор за продажба во рок од 5 дена сметано од денот на одржување на јавното наддавање го губи правото на враќање на паричниот депозит.
Паричниот депозит на надавачите кои немаат статус на најповолен надавач, се враќа по склучување на Договорот.
Јавно наддавање
Јавното наддавање го спроведува Комисија за располагање со движните и недвижните ствари во сопственост на Општина Ранковце, формирана со Решение на Градоначалникот на Општина Ранковце.
Јавното наддавање ќе се одржи во просториите на Општина Ранковце с.Ранковце, 1316 Ранковце, сала за состаноци на ден 24.11.2010 година (среда) со почеток во 10.00 часот.
На денот на јавното наддавање учесниците се лигитимираат со лична карта и полномошно за преставникот на правно лице.
Јавното наддавање ќе се одржи и кога ќе се пријави само еден учесник кој ги исполнува условите од огласот и ја нададе почетната цена, единствениот надавач стекнува статус на најповолен наддавач, со кој се склучува Договор за продажба на недвижна ствар.
Јавното наддавање се спроведува на начин што учесниците на јавното наддавање ја наддаваат почетната цена утвредна во огласот за јавното наддавање. Најмал износ за наддавање е 5 000, 00 денари.
За најповолен наддавач на јавното наддавање се утврдува учесникот кој понудил највисока цена  на јавното наддавање.
Кога најповолниот Наддавач не пристапи кон склучување, односно не склучи договор за продажба во утврдениот рок, следно рангираниот наддавач кој ги исполнува условите и ја наддал почетната цена на јавното наддавање стекнува статус на најповолен наддавач и може да пристапи кон склучување на договорот.
Рок за уплата на купопродажната цена
Рокот за уплата на купопродажната цена постигната на јавното надавање е 15 (петнаесет) дена од денот на склучување на договорот. Уплатениот паричен депозит од најповолниот наддавач се засметува во постигнатата цена.
Данокот на додадена вредност, данокот на промет на недвижности, нотарските трошоци и трошоците за упис на сопственоста и воведувањето во евиденцијата на недвижности во Агенцијата за катастар на недвижности паѓаат на товар на Купувачот.

Општина Ранковце
Комисија за располагање со движните
и недвижните ствари во сопственост
на Општина Ранковце
Претседател
Ленче Добрашиновиќ
 
< Претходно   Следно >

Инфо

Општина Ранковце

Поштенски Број 1316
тел. 031/380 444
факс 031/380 444
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Ранковце:
16°C
934mb

6 km/h
Скопје:
20°C
1012mb

8 km/h