|
ПРИДОНЕС КОН ПРЕКУГРАНИЧНА ПОЖАРНА ЗАШТИТА |
|
|
|
|
7.11.2011. |
|
Градоначалникот Орце Тодоровски во Софија на 19.05.2011 година потпиша Договор за имплементација на проектот „Придонес кон прекугранична пожарна заштита“ во рамките на првиот повик од ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
 
Вкупната вредност на проектот е 299.413,82 евра, од кои за Општина Ранковце како носител на проектот се предвидени 186.078,95 евра и за „Евро-Словенска заедница“ Ќустендил како партнер 113.334,84 евра. Во рамките на проектот Општина Ранковце ќе изврши реконструкција на пожарен дом, изградба на гаража за пожарно возило како и партерно уредување околу објектите. |
|
Последно ажурирање ( 7.11.2011. )
|