|
РАСЧИСТУВАЊЕ НА РЕЧНОТО КОРИТО НА КРИВА РЕКА |
|
|
|
|
7.11.2011. |
|
Со финансиска подршка на Владата на Република Македонија преку проектот „Расчистување на речни корита на реките во Македонија“ започна расчистување на речното корито на Крива Река.
Бујната вегетација покрај реката која со години е нерасчистена придонесе за стеснување на речното корито и излевање на Крива Река во изминатата 2010 година, и тоа во неколку наврати кога општината беше зафатена од силно невреме при што беше нанесена значителна штета на обработливите површини и инфраструктурата.
Заради надминување на наведениот проблем со проектот е предвидено расчистување на речното корито од населеното место Псача до населено место Опила во должина од 8 км. Реализацијата на проектот се очекува да заврши до крајот на месец август.  |
|
Последно ажурирање ( 7.11.2011. )
|