Почетна arrow Профил на општината arrow Природни карактеристики arrow Почва
Почва Испечати E-mail адреса

Почвената покривка на ова подрачје се одликува со голема хетерогеност. Врз создавањето на вака мозаичен почвен покривач влијаеле многу педогенетски фактори од кои особено значајни се: геолошкиот состав, релјефот, климатските и хидролошките прилики како и растителниот и животинскиот свет. Особено на квалитетот на почвите влијае и човечкиот фактор. Но сепак како најзначаен фактор се смета геолошкиот т.е. матичниот супстрат. Минеролошкиот состав влијае врз хемискиот состав на супстратот, хемискиот пак влијае врз плодноста на почвите.
Почвообразователниот супстрат може да биде:
Почвообразователниот супстрат од компактни карпи (планинските простори); и
Почвообразователен супстрат од растресите и слабо сврзани седименти (котлински рамнини).
Двата основни региони се: Планинското подрачје од север и југ и во средината Славишкото поле. Според тоа во Славишкото поле на најниските делови по текот на Крива Река се застапени: Алувијалните почви тие се настанати со речен нанос кој и денес се повторува. Содржат доста хумус, органоминерали, глина, биогени елементи и се одликуваат со висок степен на плодност. Најдобро успеваат: пченката, пченицата, градинарските култури.
Врз речните тераси на Крива Река се јавуваат глинести песокливи почви кои исто така се доста плодни. Потоа во мал дел се јавуваат и смолниците. На еруптивниот дел се застапени: бели и сиви песокиви почви потоа глинести почви, црвеници и кафеави почви образувани од езерски седименти и еруптивен материјал.
На падинските терени се застапени: делувијалните кои настануваат со ерозија на планинските подрачја, а ги образуваат поројните води кои при влегувањето во пониските делови од областа го таложат еродираниот материјал. Тие се сиромашни со хумус, не се обработуваат и се користат како ливади и пасишта.
Планинското подрачје се карактеризира со почви првостепени за шумарството. Обезшумените стрми терени поради силната ерозија и  денудација се непогодни за земјоделство. Застапеноста на растителниот свет е поголема во делот составен од кристалести шкрилци, каде се јавуваат песокливо-хумусна почва погодна за планински жита и компир. Помалку се застапени: литосоли и еродирани кафеави почви.

Последно ажурирање ( 6.12.2008. )
 
< Претходно

Инфо

Општина Ранковце

Поштенски Број 1316
тел. 031/380 444
факс 031/380 444
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Ранковце:
°C
0mb

km/h
Скопје:
19°C
1014mb

24 km/h

Линкови

Зелс

Локална самоупрва

Влада на Република Македонија

Собрание на Република Македонија

Македонија во ЕУ

skopjediem

krivapalanka.info