Почетна arrow Профил на општината arrow Природни карактеристики arrow Реки
Реки Испечати E-mail адреса

Разликите во релјефот, геолошкиот состав, надморската висина, климата и пошуменоста дејствуваат како фактори кои условиле значителни разлики во хидрографските прилики помеѓу планинското подрачје и Славишкото поле.
Првото подрачје планинското изобилува со извори и од Герман планина и од Осоговските планини. Осоговијата е богата со извори, потоци и реки. Ова богатство се должи на релативно големата надморска висина и геолошкиот состав. Најмногу се јавуваат во деловите каде што се застапени кристалести шкрилци. Најсилен е Тураничкиот извор на надморска висина од 1800m. Силни се и изворите на Царев врв (извор на Крива Река), Бела Вода, Калин камен и др.
  • Крива Река извира во подножјето на Царев врв од силен извор на н.в. 1800m, а се влева во Пчиња кај с. Клечовце на н.в. 295 m. Долга е 85 km, има површина на слив до 985 km2  и просечен пад од 186‰. Целата општина Ранковце и општина Крива Паланка претставува сливно подрачје на Крива Река.Минувајќи низ стрмен и тревнат предел ги собира повеќето извори што слеваат низ шумскиот појас. Низ текот ги собира реките: Киселичка река, Криљанска река и Дурачка река. Од изворитето до с.Псача има тесно клисуресто корито. Оттаму влегува во Славишко поле и има животно значење за ова плодородно поле, тука навлегува и на територијата на општина Ранковце.

  • Маштеница (8km) која извира под врвот Лисец (1527m) н.в. а се влева во Крива Река кај с.Псача на н.в. 640 m. Потоа помали потоци и рекички со пороен карактер: Одренска река, Буин дол и Опилска река. Од северната страна т.е. од планината Герман која е позната по многубројни извори бидејќи е изградена од кристалести шкрилци кои се богати со извори. Позначајни изворите: “Корито”, “Јанина вода”, “Селиште”, “Чашка”, “Мишин кладенец” итн.

  • Рашка (Петраличка) река која извира во с. Петралица на н.в. 1540 m, а се влева на излез од клисурата “Просеченик” на Крива Река, кај с.Псача на н.в. 640 m. Долга е 12 km.

  • Ранковачка река е карактеристична по тоа што настанува од две рекички кои се спојуваат во с. Ранковци. Двете рекички кои се обединуваат во Ранковачка река се: Одревица која извира на н.в. 1300 m во с. Герман и Кривикаменска река која извира на н.в. 1000 m во с.Кривикамен. Ранковачка река се влива во Крива Река кај с. Опила на н.в. 500 m. Долга е 22 km.

  • Река Ветуница извира во с. Паклиште на н.в. 1200 m се влева во Крива Река кај с. Ветуница на н.в 500 m. Оваа река е долга 15 km  и ги собира помалите потоци од с. Отошница. За оваа река е карактеристично што е изградена мала вештачка акумулација во с.Отошница наменета за наводнување на дел од Славишко поле.

  • Река Блидеш е последната река која се влева во Крива Река од територијата на општината Ранковце. Извира во с. Враногрнци на н.в. 600 m и се влева во река Ветуница непосредно пред вливот во Крива Река на н.в 500 m. Нејзината должина е 8 km.
   
Последно ажурирање ( 6.12.2008. )
 
< Претходно   Следно >

Инфо

Општина Ранковце

Поштенски Број 1316
тел. 031/380 444
факс 031/380 444
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Ранковце:
14°C
935mb

3 km/h
Скопје:
17°C
1013mb

14 km/h