Градоначалник

Орце ТодоровскиОрце Тодоровски е роден  на   04.11.1970 година  во с.Отошница. Од најраното детство неговото семејство се преселува  во с.Ранковце каде и денес живее  со своето семејство.

Основното образование го завршува во ОУ 'Х.Т. Карпош” во с.Ранковце, а средно училиште завршува во Куманово. Моментално е апсолвент на Меѓународниот Славјански институт-Москва, факултет за Економија и организација на претприемништво.

Од 1990 до 2000 година работи во АД “Малина”.

Од 2000 до 2005 година работи со сопствена приватна фирма продажба и дистрибуција на кафе. Искуството како успешен  во работата и во АД и преку сопствениот бизнис се мотив да се кандитира за градоначалник на  Општина Ранковце на локалните избори 2005година. На истите избори тој убедливо победува како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со успех и големи резултати, во изминатиот мандат, влегува  во трка за втор мандат за престојните локални избори 2009 година каде исто така убедливо победува.

Со својата работа и ангажираност го преродува својот роден крај о.Ранковце.

Го красат атрибутите: Упорност, чесност, издржливост, истрајност, дружељубивост,  со искрен и отворен настап пред луѓето.

Орце Тодоровски е оженет, татко на две деца.



Последно ажурирање ( 30.04.2009. )