Радибуш

Селото се наоѓа во средишниот дел на општина Ранковце , селото е ритско-планинско и од разбиен тип. Од општинскиот центар е одалечено 4 km , комуникациската поврзаност со општинскиот центар е со асфалтен пат меѓутоа нема автобуска врска.
Во селото според податоците од последниот попис живеат 157 жители ,сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповест.
Селото има поледелско - сточарска функција , од поледелството застапени се житариците и овошките , додека сточарството е сконцентрирано на одгледување крупен добиток.
Во селото нема стопански и услужни објекти додека со  општествени стандарди има само четиригодишно училиште .
Од инфраструктура има асфалтен пат до центарот на селото и изградена водоводна мрежа од која се обезбедува вода за домаќинствата. Карактеристично за ова село е празникот на црквата  св. Параскева на 8 август кога се собираат илјадници луѓе од општината и регионот.


Последно ажурирање ( 16.07.2008. )