| Петралица |
|
Населбата се наоѓа на источниот дел на на општина Ранковце од десната страна на Крива Река на магистралниот пат кој води кон Република Бугарија . Селото е рамничарско ритско со густо населена населба покрај магистралниот пат и маала од растурен тип во повисоките делови од селото. Од општинскиот центар е одалечено 5 km и има солидна комуникацијска поврзаност со околните места и општината т.е. во селото има автобуска постојка со околу 12 автобуски врски дневно од регионален и локален карактер.
Историските податоци за селото покажуват дека тоа потекнува од доцното античко време на што укажува постоењето на археолошките наоѓалишта ; Градиште , Дубрава и Кутлев крст . Според податоците од пописот 2002год. во селото живеат 669 жители, меѓу кои преовладува зрело - работоспособно население од македонско етничко потекло како србин се има изјаснето само еден жител на селото и еден со останато етничко потекло. Просечната густина на населението е 25 жители на km², сите жители на селото припаѓат на православната христијанска религија. Атарот на селото зафаќа простор од 44,2 km² во т.е. е најголемо село по површина во општината. Дел од атарот зафаќа од обработливите површини на Славишко поле што покажува дека селото има земјоделска функција со солидна земјоделска механизација. Во селото нема објекти од стопански карактер а од објекти од општествен карактер и јавни објекти има Подрачно основно училиште и Пошта како и Месна канцеларија . За населбата која се наоѓа во близина на магистралниот пат има изготвен урбанистички план, главната улица која води до повисоките делови на селото е нецелосно асфалтирана не се асфалтирани ни споредните улички во населбата што покажува дека патната инфраструктура треба да се подобри. |
|
| Последно ажурирање ( 16.07.2008. ) |