П'клиште

Оваа планинско село се наоѓа во крајниот северозападен дел на општина Ранковце, атарот на селото се протега до општина Старо  Нагоричане и граничната линија со соседна Република Србија. Селото се наоѓа на надморска висина од 1150 до 1250 m со куќи  од расштркан тип. Од општинскиот центар е одалечено околу 20 km до селото води асфалтиран пат.
Населбата потекнува од доцно античко време што се гледа од локалитетите :Селиште и Градаш. Бројот на населението во оваа село отсекогаш бил мал а денес е на прагот на иселување ,односно во селото според последниот попис живеат само 30 жители.Сите жители во селото се македонци ,по вероисповест припаќат на православни христијани. Селото има претежно поледелско шумарска функција , а најмногу се одгледува компир и житарици, од сточарството се одгледуват претежно овци и говеда.
Во селото не постојат објекти од општествени и стопански стандарди.  Во селото нема водоводна мрежа а населението со вода за пиење се снабдува од  природни извори и чешми.
Последно ажурирање ( 17.07.2008. )