Опила

Населбата се наоѓа на крајниот јужен дел на општината на левата страна на Крива Река еден дел од селото се протега во рамничарскиот предел додека другиот се протега на Осоговските планини , од ова се гледа дека селото е од ритско - рамничарски тип. Од општинскиот центар е одалечено за 1 km и има поволна географска положба бидејки се наоѓа на магистралниот пат Куманово- Кр. Паланка и е во добра собраќајна поврзаност со околните места.
Селото потекнува од доцно античко време што може да се види и од постоењето на поголем број археолошки локалитети:Градиште ,Селиште ,Пашина падина и др. .Во селото денес живеат 269 жители, најголем процент е работоспособно население , по етничка припадност само еден се декларирал како србин а сите останати се македонци додека сите припаѓаатна православна вероисповест. Селото има поледелско сточарска и шумарска функција и е солидно снабдено со механизација. Во селото нема објекти од општествени стандарди ниту стопански објекти.Во селото нема  водоводна мрежа но се прават напори за решавање на тој проблем.
Последно ажурирање ( 14.07.2008. )