| Одрено |
|
Селото се наоѓа во јужниот дел на општина Ранковце во подножјето на Осоговските планини од левата страна на Крива Река. Низ него протекува и малата Одренска рекичка , атарот на селото зафаќа и дел од Славишко поле и е од ритско-планински маалски тип. Од општинскиот центар е одалечено 4 km и е со солидна собраќајна поврзаност , од автобуска станица во село Петралица е одалечено за 1 km , меѓутоа патот што води до селото не е целосно асфалтиран .
Од податоците на заводот за статистика 2002 год. се гледа дека во селото живеат 131 жители и тоа најголем број работоспособно населени.По етничка структура освен македонци кои се 130 има и еден србин,а по религија сите се православни христијани. Селото има поледелско - шумарска функција, нема стопански објекти ниту услужно - угостителски а од објекти од општествени стандарди има само 4 год. училиште. |
|
| Последно ажурирање ( 14.07.2008. ) |