Љубинци

Селото се наоаѓа на среддишниот дел на Славишко поле ,од десната страна на Крива река и е од рамничарски тип . Од општинскиот центар е одалечено  околу 2 km и е во добра комуникациска поврзаност  бидејки населбата е сконцентрирана од двете страни на магистралниот пат Куманово - Ранковце - Кр. Паланка.
 Бројот на населението има тенденција на пораст во последните неколку години , од пописните податоци 2002 год. се гледа дека во селото живеат 164 жители од македонски етникум и православна религија.
 Во селото преовладува обработливо земјиште што значи дека има поледелска функција, општествени и стопански објекти во селото нема , истотака нема водоводна и канализациска мрежа но постојат проектни идеи за решавање на истите инфраструктурни проблеми .
Последно ажурирање ( 16.07.2008. )