| Криви Камен |
|
Селото се наоѓа на северниот дел на Општина Ранковце , оваа планинско село од општинскиот центар е одалечено 9 km и не е во добра собраќајна поврзаност со Општината и околните места. До селото води колски пат кој не е во добра состојба, што е и една од причините за миграција на населението(1961- 237 жители), сега во селото живеат само 23 жители од македонски етникум и православна религија.
Од атарот на селото најголеми површини се под шуми, според тоа селото има шумарско- поледелска функција . Во селото нема објекти со општествени и стопански стандарди , ниту водовод -со вода населението се снабдува од природни извори. Оваа село е последно село во Општината кое е електрифицирано дури во 1998 год. |
|
| Последно ажурирање ( 16.07.2008. ) |