Герман

Герман се наоѓа во крајниот северен  дел на територијата на Општина Ранковце чиј атар допира до државната граница на Република Србија и на другата страна со Општина Старо Нагоричане. Оваа село е високопланинско и од растурен тип , од општинскиот центар  е одалечено околу 20 km , до селото води асфалтен пат  што покажува  дека е во добра комуникациска врска со општината и околните места.

Населбата потекнува од доцно античко време од кој период се и локалитетите : Селиште, Манастириште, Градиште итн. Во Герман живеат 311 жители од кои најголем број се Македонци  301 и 10 Срби сите припаѓат на православната религија.Во селото преовладува работоспособно население, кое се занимава со сточарство, поледелство и шумарство. Во селото нема стопански објекти а од општествени има основно училиште, амбуланта и караула затоа што е погранично  место.
Истотака има и услужни објекти 2 продавници и 1 угостителски објект.  Со вода се снабдуват од извори - нема водовод. Миграцијата од ова село е доста изразена.
 

Последно ажурирање ( 8.05.2009. )