ИЗВЕСТУВАЊЕ за штети од невремето

Се известуваат сите граѓани од Oпштина Ранковце кои имаат претрпено штети од невремето кое ја зафати општината, да дојдат и пријават во просториите на општина Ранковце почнувајки од денес понеделник (02.02.2015 год) до четврток (05.02.2015 год) во тек на работно време. ( 08:30 – 15:30)
Потребни документи кои граѓаните треба да ги достават заедно со пријавите за претрпените штети од невремето се: копија од Лична карта, копија од Имотен лист за парцелата на која е направена штетата или договор за закуп.

По пристигнувањето на пријавите комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при општина Ранковце ќе излезе на увид и прoценка на настанатата штета.