МЕСНИ ЗАЕДНИЦИ

 

Во општина Ранковце има  12 Месни заедници

Граѓаните во Општина Ранковце ги основаат месните заедници заради остварување на уставното право на месна самоуправа, како облик на изразување на нивниот заеднички интерес и заради давање придонес за решавање на нивните секојдневни потреби во непосредната околина на подрачје за кое тие се основани и вклучување во системот на одлучување во локалната самоуправа.

Облиците во месната самоуправа работат во рамките на правата утврдени со Статутот на општина Ранковце и Правилата за работа на облиците на месната самоуправа на општина Ранковце. Облиците на месната самоуправа меѓусебно соработуваат заради остварување на нивните заеднички интереси. Облиците на месната самоуправа разгледуваат, заземаат и утврдуваат ставови за прашања од непосредено и секојдневно значење за животот и работата на жителите.

Надлежности на месните заедници се:

  • разгледување и заземање ставови за прашања од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,
  • утврдување предлози за прашањата од непосредно и секојдневно значење за животот и работата на жителите од тоа подрачје,
  • одлучување за одделни прашања што не се исклучени од нивна надлежност или не се во надлежност на органите на општината и органите на државната власт.

 

Граѓаните во месната заедница расправаат, даваат иницијативи за донесување одлуки и други прописи, даваат иницијативи за остварувањето на заедничките интереси, им даваат предлози на надлежните органи и преземаат мерки за разрешување на локални и проблеми областа на:

  • комуналните дејности (снабдувањето со вода и одведувањето на отпадните води, одржување на хигиената и зеленилото, изградбата и одржувањето на патната мрежа, уредувањето и одржувањето на гробиштата во селата и др.);
  • заштитата на животната средина (заштита од загадување на водата, воздухот и почвата, заштита од прекумерна бучава и др.);
  • урбанистичко уредување на просторот;
  • јавниот превоз на патници;
  • образованието, здравството и социјалната заштита;
  • културни, забавни и спортски манифестации и одржувањето на објектите од јавен интерес;
  • развивањето на добрососедските односи;
  • снабдувањето со стоки и услуги, како и заштитата на потрошувачите;
  • други прашања од секојдневно значење за животот и работата на граѓаните.

Месните заедници имаат право да даваат иницијативи и предлози за решавање на определени прашања од страна на општината, како и да бараат од општината да ги покренува тие прашања пред други надлежни органи.

Месните заедници даваат предлози до органите на Општината за членови на посебните тела на општинaта кои разгледуваат прашања од областа на урбанизмот, заштитата на потрошувачите, односите меѓу  заедници застапени во општината, како и за други прeдлози  за кои тоа е предвидено со закон, статутот и другите прописи на општината.