Програма за изменување на програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година

Врз основа на член 84 од Законот за градежно земјиште (“Сл. Весник на РМ” бр.17/2011, 53/2011, 144/12 и 25/13) и Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост (“Службен весник на РМ” бр.38/2011) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце, Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден 30.01.2014 година, донесе:
Програма за изменување на
ПРОГРАМАТА
за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година

Се врши измена на Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година
објавена во („Службен гласник на Општина Ранковце“ бр.13/2013 ).
Во Дел 3, Поглавје І. Точката В –техничка документација за улици и патишта,
се менува и гласи:
В. Техничка документација за регулација и уредување на природни водотеци

Реден број Населено место Должина Ниво на разработка Вредност во денари
1 Ранковачка Река 3,0 км Основен проект 200 000,00
2 Голем Дол с.Ранковце 1,0 км Основен проект 100 000,00
Вкупно: 300 000,00

Во Дел 3, Поглавје І. Точката Г –техничка документација за изградба на
спортски објекти и уредување на јавни површини, се менува и гласи:
Г. Изработка на геодетски елаборати ……………………………………………..720 000,00 денариВо Дел 3, Поглавје ІII. Уредување на јавни површини, се брише:

Во Дел 7 од Програмата за уредување на градежно неизградено земјиште и одржување на комуналната инфраструктура во Општина Ранковце за 2014 година-Начин на распределба на средствата за финансирање за изградба и одржување на инфраструктурата се вршат следните измени:

Во поглавје І.-Изработка на техничка документација сумата 1 490 000,00 денари се заменува со 2 090 000,00 денари.

Точката В– Техничка документација за улици и патишта се заменува со –Техничка

документација за регулација и уредување на природни водотеци;
Точката Г-техничка документација за изградба на спортски објекти и уредување на
јавни површини се менува и гласи „Изработка на геодетски елаборати“, а сумата од
120 000,00 денари се заменува со 720 000,00 денари.
Поглавје V. Уредување на јавни површини се брише.
Оваа Програма влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во “Службен гласник на Општина Ранковце”.

 

 

Бр. 07-59/8                                                                     СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
30.01.2014 година                                                                          Претседател,
Ранковце                                                                                      Тони Ангеловски