Програма за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Ранковце за 2014 година

Врз основа на Законот за градежно земјиште (“Сл.Весник на РМ”) бр.17/2011, 53/2011, 144/12 и 25/13) и Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на уреденост (“Службен весник на РМ” бр.38/2011) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце, Советот на Општина Ранковце, на седницата одржана на ден 31-10-2013 година, донесе:
ПРОГРАМА
за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Ранковце за 2014 година

Програмата за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во текот на зимската сезона 2014-2015 година ќе биде прилагодена на климатските и релјефните услови кои што владејат во Општина Ранковце. Општината Ранковце претставува алувијална рамнина ограничена од север и југ со ридско планински масив. Населените места се од разбиен тип, со умерена континентална клима и со недоволно развиена патна мрежа. Годишната програма ќе ги опфати следните сегменти:

 

  • Организационата поставеност и обврски на овластениот субјект за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта и на другите учесници поврзани со извршување на работите околу отстранувањето на снегот и ледот, односно голомразицата.
  • Обем, динамика и функционирање на овластената зимска служба за отстранување на снегот и ледот.
  • Сообраќајници со приоритет на отстранување на снегот и голомразицата, како и за посипување и ставање на соодветен абразивен материјал и список на критични точки и витални објекти.
  • Број и вид на механички средства, нивна намена, начин и распоред на користење.
  • Број и распоред на лица кои учествуваат во извршувањето на работите сврзани со отстранувањето на снегот и ледот.
  • Обврска, услуги и средства на други учесници кои се вклучени во случај на потреба.
  • Места определени за депонирање на собраниот снег и лед.
  • Потребни финансиски средства за спроведување на Програмата.

ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ

 

Одржувањето на улиците, тротоарите и локалните патишта во зимскиот период т.е. нивно расчистување од снег и лед и посипување на истите со абразивни материјали го врши Одделението за урбанизам, комунални дејности, сообраќај и заштита на животна средина.
Општината распишува Ограс(тендер) за прибирање на понуди за зимско одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта.

 

ОБЕМ И ДИНАМИКА

 

Обемот и динамиката на одржување на улиците, тротоарите, и на локалните патишта
во зимските услови се опфатени во Договорот.Потреба од зимско
одржување во Општина Ранковце ќе има најмалку 3 месеци во годината, и тоа:
декември, јануари и февруари, со по најмалку 12 ефективни работни часови за
еден месец или 36 ефективни работни часови за три месеци. Во случаеви кога зимата
започнува порано, а трае до покасно или имаме поинтензивни врнежи од
снег во текот на овие три месеци со изведувачот на работите се прави посебен
договор за вашокот на работните ефективни часови. Доколку ефективните
работни часови не бидат искористени во обемот предвиден со договорот,
Општината ќе ги искористи за свои потреби во текот на зимската сезона или
по завршување на сезоната.

 

УЛИЦИ И ЛОКАЛНИ ПАТИШТА ВО ОПШТИНА РАНКОВЦЕ ЗА КОИ Е ПОТРЕБНО ЗИМСКО ОДРЖУВАЊЕ

Реден број Населено место Патен правец Должина во метри
1 Псача А2-маала Чивлик 850 м
2 Псача А2-црква Свети Никола 2400 м
3 Псача Псача-Одрено-Опила-А2 6800 м
4 Петралица А2-црква Свети Никола 5800 м
5 Петралица Трафостаница-Потрчин Дол 360 м
6 Гиновци А2-Милутинци 3600 м
7 Гиновци А2-Мива градба 360 м
8 Ранковце Ранковце-Отошница 5500 м
9 Ранковце А2-Кокинци 1500 м
10 Ранковце Десетак-Пузина маала 1300 м
11 Ранковце Полициска станица-Крајчина маала 800 м
12 Ранковце Улици над амбуланта 870 м
13 Ветуница А2-с.Ветуница 1700 м
14 Опила Бабунци-Котаринци 1000 м
15 Радибуш Сат-црква Света Петка 1000 м

 

 

ВИД И БРОЈ НА МЕХАНИЧКИ СРЕДСТВА

 

Според должината на локалната патна мрежа зимското одржување на истите ќе
биде извршено со еден камион опремен со нож за чистење на снегот и ледот и соларка
за посипување со абразивен материјал. Камионот може да биде од различна марка, но
мора да има дупли пренос. Воедно е потребно да има резервен камион исто така со
дупли пренос во случај на дефект на еден од камионите. Во случај на пообилни врнежи
ќе се ангажира и дополнителна механизација.

 

БРОЈ И РАСПОРЕД НА ЛИЦА

 

Како придружба на камионот ќе биде ангажирано едно лице, а по потреба и уште
едно лице во случај кога имаме невреме и многу ниски температури. Дополнителни
лица ќе бидат вклучени ако за тоа има потреба и тоа за отстранување на снегот, ледот
од тротоарите и улиците и утовар на истиот во камион или трактор и транспорт до
депонија или друго место за депонирање кое накнадно ќе биде определено.
Чистењето на тротоарите пред влезовите на индивидуалните станбени згради и
влезовите на колективните станбени згради се должност на станарите од тие објекти.
Чистењето на тротоарите пред влезовите на деловните објекти и работни
организации се обврска и должност на сопствениците на тие објекти.
Абразивните материјали за посипување ќе бидат набавувани и складирани во
соработка со избраниот понудувач.

 

ПОТРЕБНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА

 

Потребните финансиски средства за реализација на Програмата за зимското
одржување на улиците, тротоарите и локалните патишта во Општина Ранковце во
висина од 300 000,00 денари ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Ранковце.

Приходи:
1.Средства од Буџетот на Општината……………………………… 300 000,00 денари

Расходи:
1.Ангажирање на камион со нож……… 3 мес. х 72 000,00 = 216 000,00 денари
2.Набавка на абразивни материјали
(сол и ризла) ………………………………….. 15 тони х 2 000,00 = 30 000,00 денари
3.Ангажирање на градежна механизација доколку
има потреба при обилни врнежи……………………………… = 30 000,00 денари
4.Ангажирање на работници доколку има потреба……… = 24 000,00 денари

                                                                                           Вкупно: = 300 000,00 денари

 

 

Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во
„Службен гласник на Општина Ранковце“.

 

 

Бр. 07-774/5                                                                    СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
31.10.2013 год.                                                                              Претседател,
Ранковце.                                                                                   Тони Ангеловски