Програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Ранковце за 2014 година

Врз основа на член 17 стaв 1 од Законот за просторно и урбанистичко планирање
(„Сл.весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/1,144/12 и 55/13) и член 23
од Статутот на Општина Ранковце („Службен гласник на Општина Ранковце“ бр. 09/05,
04/10 и 1/11 ), Советот на Општина Ранковце на седницата одржана на ден 31.10.2013
година, донесе:
ПРОГРАМА
За изработка на Урбанистички планови за
Општина Ранковце за 2014 година

Врз основа на направена стручна анализа на реализација на донесените
урбанистички планови за Општина Ранковце, како и потребата од изработка и
донесување на урбанистички планови за населени места во општината каде истите не
се донесени, а со цел задоволување на барањата и потребите на граѓаните и правните
лица од општина Ранковце и др., со оваа Програма се предвидува изработка на
урбанистички планови согласно член 7 точка 2 од Законот за просторно и урбанистичко
планирање и тоа:
1.Изработка и донесување на Урбанистички план вон населено место/согласно
член 7 точка 2 алинеа 4/:

  • Изработка на Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд
    населба, угостителство, спорт и рекреација,Урбан блок 2, КО Пклиште, Општина
    Ранковце

2.Изработка и донесување на Урбанистички план за село:

  • Изработка на урбанистички план за село Ранковце;
  • Изработка на урбанистички план за село Петралица;
  • Изработка на урбанистички план за с. Герман

3.Изработка на локална урбанистичка планска документација ,согласно член
50-а од Законот за просторно и урбанистичко планирање

  • Изработка на ЛУПД за потребите на општината и по барање на физички и
    правни лица

Границите и содржината на планскиот опфатот на плановите ќе се утврдуваат со
Планска програма за секој плански документ која се состои од текстуален и графички
дел.
Финансирањето на оваа Програма се врши од Буџетот на Општина Ранковце, а
согласно предвидените средства во истиот за оваа намена.
Изработка на планови можат да се врши и по барање на заинтересирани правни
и физички лица чии што програмски барања и подрачја на интерес се прифатливи за
општината и кои ја финансираат изработката на планот.
Табеларен преглед на расходи

Реден број Назив на планот Изработка на ажур.подлога Услови за планирање на просторот Изработка на УП /Ден/ Вкупно ден
1 Урбанистички план вон населено место за изградба на викенд населба, угостителство,спорт и рекреација,Урбан
блок 2, КО Пклиште,Општина Ранковце
изработени 150.000,00
2 Изработка на урбанистички план за село Ранковце;(140 ха) 91.000,00 ден / 910.000,00 1.001.000,00
3 Изработка на урбанистички план за село Петралица;(60 ха) 39.000,00 ден / 390.000,00 429.000,00
4 Изработка на урбанистички план за село Герман;( 30 ха ) 19.500,00 / 100.000.00 195.000,00

 

 

Табеларен преглед на приходи

Реден број Извори на финансирање Сума
1 Средства од Буџет на Општина Ранковце 774.000,00 ден
2 Сретства од Министерство за транспорт и врски 1.001.000,00 ден
3 Средства од правни и физички лица /
Вкупно 1.775.000,00 ден

 

Оваа Програма влегува во сила осмиот ден по објавувањето во „Службен гласник
на Општина Ранковце“.
 

Бр. 07-774/4                                                                  СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
31.10.2013 год                                                                             Претседател,
Ранковце.                                                                                  Тони Ангеловски