Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад на Североисточниот регион Ве поканува да учествувате на Јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведувањето на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион, подготвен во рамки на проектот „Поддршка на имплементацијата на регионалните системи за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.
Јавната расправа е наменета за претставници на:
- Општина Крива Паланка;
- Општина Кратово;
- Општина Ранковце;
- Надлежни министерства и државни институции;
- Јавни комунални претпријатија;
- Невладини организации и здруженија на граѓани;
- Стручна и заинтересирана јавност.
Датум: 05.06.2026година
Време:14:00часот
Место: Сала на Совет Општина Ранковце
Целта на јавната расправа е да се обезбеди активно учество на засегнатите страни во процесот на разгледување на Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина и Регионалниот план за управување со отпад, како и да се приберат мислења, предлози и препораки за нивно унапредување. Вашето присуство и придонес се од особено значење за воспоставување на ефикасен, одржлив и современ регионален систем за управување со отпад во Североисточниот регион. Нацрт документите се достапни на веб-страниците на Центрите за развој на Источниот и Североисточниот плански регион, како и во просториите на центрите за развој на источен и североисточен плански регион.

