Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Ранковце за 2014 година

Врз основа на член 89 од Законот за градежно земјиште („Службен весник на
Р.М.“ бр.17/11, 53/11, 144/12 и 25/13), Уредба за висината на цената на градежното
земјиште сопственост на Република Македонија и висината на посебните трошоци за
спроведување на постапките за отуѓување и давање под закуп објавена во („Службен
весник на Р.М.“ бр. 102/11, 169/11, 14/12, 38/12, 54/12, 63/12, 150/12, 03/13 и 142/13),
како и член 23 од Статут на Општина Ранковце, Советот на Општина Ранковце на
седницата одржана на ден 29.11.2013 година, донесе:
ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ВО ОБЛАСТА НА РАСПОЛАГАЊЕТО СО ГРАДЕЖНО
ЗЕМЈИШТЕ ВО СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НА ПОДРАЧЈЕТО
НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ ЗА 2014 ГОДИНА

 
Вовед

  • Општ дел
    • Со донесување на новиот закон за градежно земјиште („Службен весник
      на Р.М.“ бр. 17/11, 53/11, 144/12 и 25/13), градежното земјиште може да биде во
      сопственост на Република Македонија, општините, општините во градот Скопје
      и градот Скопје, домашни и странски правни и физички лица.
      Сопстевноста на градежното земјиште создава права и обврски.
      Сопстевноста на градежното земјиште вклучува и право на градење на
      земјиштето. Одлука за стекнување на сопственост на градежното земјиште за
      општините, општините во градот Скопје и градот Скопје донесува Советот.
      Сопстеноста на општините им ги овозможува следните права: на
      градење, користење, пренесување на правото на градење на други лица и
      отуѓување на градежното земјиште.
      Со градежното земјиште сопственост на Република Македонија управува
      Владата на Република Македонија.
      Градежното земјиште наменето за општа употреба можат да го користат
      сите правни и физички лица, општините, општините во градот Скопје и градот
      Скопје. Правото на користење Владата на Република Македонија може да го
      пренесе на општините.
      Сопственоста на градежното земјиште ја опфаќа неговата површина и се
      она шето е со него трајно поврзано, а се наоѓа над или под површината.
      Градежното земјиште е добро од општ интерес за Република
      Македонија, а уредувањето на градежното земјиште е од јавен интерес.
      Градежното земјиште може да биде изградено и неизградено, уредено и
      неуредено. Изградено градежно земјиште е земјиште на кое е изграден објект
      од траен карактер и земјиштето што служи за редовна употреба на објектот во
      граници на градежната парцела.
      Уредено градежно земјиште е земјиште опремено со комунална
      инфраструктура, додека неуредено градежно земјиште е земјиште на кое
      нема изграедно комунална инфраструктура.
      Градежно земјиште е земјште кое е планирано со урбанистички план или
      урбанистичка планска документација.
      Градежна парцела е дел од градежното земјиште, чии граници се
      утврдени со урбанистички план или урбанистичка планска документација и
      може да се состои од една, од дел или од повеќе катастарски парцели.
      Објект од траен карактер е објект изграден со дoкументација
      (одобрение) и заведен во јавните книги за недвижности.
      Објект од времен карактер е објект поставен со одобрение за
      поставување до реализација на урбанистички план или урбанистичка
      документација. Времените објекти не се дел од градежното земјиште и врз
      основа на нив не може да се стекне сопственост на градежното земјиште.
      Инфраструктурен објект е подземна или надземна градба за инсталации
      од комуналната инфраструктура.
      Прометот со градежното земјиште е слободен.
      Градежното земјиште сопственост на Република Македонија може да се
      отуѓи, даде на користење (концесија или јавно приватно партнерство), даде под
      долготраен и краткотраен закуп, разменува или да се востановат други стварни
      права.

      • Просторен опфат и предмет на Програмата:

      Предмет на Програмата е менаџирање со градежното земјиште
      во сопственост на Република Македонија што се наоѓа на територијата на
      Општина Ранковце, дефинирана според територијалната организација на
      Република Македонија, за време на календарска 2014 година.
      За да може да се врши отуѓување, давање под закуп на градежното
      земјиште потребно е да се изработи мапа на државното градежно земјиште во
      општината со сите нумерички податоци за истото.
      Важен фактор во оваа постапка е категоријата на урбанистички план,
      односно урбанистичките планови врз основа на кои може да се издаде
      одобрение за градење.
      Во текот на годишната Програмата се предвидува предмет на
      менаџирање со градежното земјиште во сопственост на Република Македонија
      да бидат градежните парцели што се наоѓаат на териториите на следните
      населени места и локалитети:
      -К.О. Ранковце, локалитет Криво Крушче, Урбанистички план за вон
      населено место-стопански комплекс „Криво Крушче“, Одлука бр. 07-505/7 од
      27.07.2007 година објавена во Службен гласник на Општина Ранковце бр.
      8/2007.

      • Основи за изработка на Програмата:

      Законски основ на програмата за управување со градежното земјиште се:
      Закон за локалната самоуправа („Службен Весник на Р.М. бр. 5/2002“), Закон за
      градежно земјиште („Службен весник на Р.М“ бр. 17/11, 53/11, 144/12 и 25/13) и
      член 23 од Статутот на Општина Ранковце (Службен Гласник бр. 9/05,
      4/10, 1/11).
      Основни плански документи:
      Други документи потребни за изработка на Програмата се следните стратешки,
      развојни и плански документи донесени на локално ниво:

      • Стратегија за локален економски развој на Општина Ранковце за
        плански период од 2009 год до 2015 год.
        3.4. Мисија на Општината
        До 2015 година, Општина Ранковце има за цел да обезбеди одржлив
        развој користејки ги природните ресурси и човечки потенцијали, за
        подобрување на на економските услови и квалитетот на живот на
        целокупното население во заедницата.
        За остварување на мисијата Општина Ранковце е насочена кон:
        -привлекување на домашни и странски инвестиции за градба на нови и
        ревитализација на постоечки стопански капацитети со активно
        промовирање на расположивите ресурси кои ги нуди општината, со цел
        зголемување на стапката на вработеност на населението.
      • ЛЕАП –Локален акционен план за животна срединаза Општина
        Ранковце за плански период од 2008 година до 2014 година.
        Општите цели на ЛЕАПОТ за Општина Ранковце се следните:
        - Да се продолжи со процесот на приближување кон политиките на ЕУ во
        областа на животната средина на локално ниово,
        - Да се интегрира политиката на заштита на животната средина во
        останатите секторски политики,
        - Да се идентификуваат и зајакнат потребните административни
        структури за ефикасно управување со животната средина,
        - Да се обезбеди имплементација и спроведување на барањата за
        животна средина на локално ниво,
        - Да се поттикнат сите субјекти во областа на животната средина кон
        поголема одговорност за заштита на животната средина, особено
        јавноста,
        - Да се постави основа за еколошки одржлив пристап,
        - Да се изнајдат финасиски средства за решавање на приоритетните
        еколошки проблеми.
      • Урбанистички планови за населените места
        Урбанистички план за вон населено место- стопански комплекс
        „Криво Крушче“, Одлука бр. 07-505/7 од 27.07.2007 година објавена во
        Службен гласник на Општина Ранковце бр.8/2007,за период 2006-
        2016 година. Со изработка на урбанистичкиот план вон населено
        место, треба да се постигнат следните основни цели кои би можеле да
        важат за наредниот плански период:
        Изнаоѓање на потенцијали за натамошен развој кој се очекува да
        биде поттикнат од геопрометната положба на локалитетот во
        новата политичка консталација, во услови на битни промени во
        начинот на стопанисување,односно обезбедување на простори
        погодни за домашни и странски инвестирања. Планирање на просторот
        во согласност со сеизмичката микрореонизација и заштита од можни идни
        потреси. Определување на правците за ширење на локации за стопански
        комплекси во атарот на општината за овој и наредните плански периоди.
      • Програма за изработка на урбанистички планови во 2014 година
      • Забелешки и предлози од јавните презентации на нацрт
        Програмата:

        Да се наведат забелешките и предлозите.
      • Лица вклучени во изработка на Програмата:
        -Славица Ѓоргиевска, диа-раководител на Одделение за инспекциски надзор-
        инспекторат во Општина Ранковце,
        -Боби Трајчевски, дши-советник за животна средина, уредување и управување
        со градежно земјиште, во Одделение за урбанизм, комунални дејности, заштита
        на животна средина, ЛЕР и јавни дејности во Општина Ранковце,
        -Моме Крстевски, дги раководител на Одделение за урбанизм, комунални
        дејности, заштита на животна средина, ЛЕР и јавни дејности во Општина
        Ранковце.

       
       
      Глави на Програмата
      1. Цели на Програмата

      • Општи цели на Програмата
      • Обезбедување на услови за социо-економски развој на општина Ранковце,
        преку правење просторни услови за развој.
      • Конкретни цели на Програмата по населени места, урбани блокови и
        локалитети. Заинтерсираните граѓани за изградба на сопствени простори за
        обавување на дејност можат да ја реализираат својата потреба, а со тоа да
        придонесат за развој на населеното место/локалитет, користење на локалните
        ресурси, вработување на лица, обезбедување на подобри услови за живеење.

      2. Обем и преглед на градежно земјиште што е предмет на Програмата
      (групирани по урбанистички план),

      • Графички прилог со одбележани градежни парцели што ќе бидат предмет
        на менаџирање опфатени со УП за вон населено место-стопански комплекс
        „Криво Крушче“, с. Ранковце и тоа грдежна пацела од 1-23.
      • Детален преглед на градежни парцели опфатени со УП за вон населено
        место-стопански комплекс „Криво Крушче“, с. Ранковце и тоа грдежни пацели од
        1-23.

      а. Градежни парцели што ќе бидат предмет на отуѓување по пат на јавно надавање:
      Табела со следните информации:

      Број на градежна парцела Вкупна
      површина
      Намена на
      земјиште
      (основна класа)
      Намена на
      земјиште (опис)
      Број на к.п.
      во состав на
      градежна
      парцела
      Површина
      за градба
      Бруто
      развиена
      површина
      во м2
      Процент
      на
      изграде
      ност
      Коеф. на
      искорис.
      на
      земјиште
      Мах. доз
      висина
      катност Почетна/
      утврдена
      цена по
      м2
      Вкупна
      почетна
      /утврдена
      цена
      1 2 815,30 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      и
      4967/1
      837,6 м2 2 512,8 29,80 % 0,90 10,0 м П+2 61,00 171.733,30
      2 2 687,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      4967/1
      1166,70 3 500,00 43,40% 1,30 10,00 м П+2 61,00 163,907,00
      3 3 253,70 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      4967/1
      1347,80 4 043,00 41,40% 1,24 10,0 м П+2 61,00 198.475,70
      4 1 561,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      4967/1
      618,70 1 856,00 39,60% 1,20 10,0 м П+2 61,00 95.221,00
      5 1 576,70 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      4967/1
      626,40 1 879,20 39,70% 1,20 10,0 м П+2 61,00 96.178,70
      6 1 575,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 627,30 1 882,00 39,80% 1,20 10,0 м П+2 61,00 96.075,00
      7 1 575,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 633,00 1 900,00 40,20% 1,21 10,0 м П+2 61,00 96.075,00
      8 1 573,30 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      4967/1
      639,00 1 917,00 40,60% 1,22 10,0 м П+2 61,00 95.971,30
      9 1 503,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 610,40 1 831,20 40,60% 1,22 10,0 м П+2 61,00 91.683,00
      10 1 371,80 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 479,80 1439,40 35,00% 1,05 10,0 м П+2 61,00 84.472,80
      11 1 506,60 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 579,60 1 738,80 38,50% 1,15 10,0 м П+2 61,00 92.902,60
      12 1 610,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 672,70 2 018,00 41,80% 1,25 10,0 м П+2 61,00 98.210,00
      13 1 610,0 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 679,40 2 038,20 42,20% 1,26 10,0 м П+2 61,00 98.210,00
      14 1 503,50 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 602,00 1 806,00 40,00% 1,20 10,0 м П+2 61,00 91.713,50
      15 1 358,30 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 468,00 1 404,00 34,50% 1,03 10,0 м П+2 61,00 82.856,30
      16 2 367,20 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1 916,20 2 748,60 38,70% 1,16 10,0 м П+2 61,00 144.399,20
      17 1 847,10 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      4967/1
      792,00 2 376,00 43,00% 1,29 10,0 м П+2 61,00 112.673,10
      18 2 309,30 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/1
      4967/1
      3393/1
      950,60 2 851,80 41,20% 1,23 10,0 м П+2 61,00 140.867,30
      19 2 100,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3415/1
      3393/1
      3392/4
      829,00 2 487,00 39,50% 1,18 10,0 м П+2 61,00 128.100,00
      20 1 950,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3415/1
      3393/1
      3392/4
      711,60 2 134,80 36,50% 1,10 10,0 м П+2 61,00 118.950,00
      21 1 800,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3392/4
      3415/1
      3393/1
      577,00 1 731,00 32,10% 0,96 10,0 м П+2 61,00 109.800,00
      22 1 653,00 Г 2,3,4 Лесна и
      незагадувачка
      индустрија,сервиси
      и стоваришта
      3393/1
      3415/1
      4967/1
      455,30 1 365,90 27,50% 0,83 10,0 м П+2 61,00 100.833,00
      23 4 484,50 Б1 Бензинска пумпа 3415/1
      4967/1
      1 547,20 3 094,40 34,50% 0,70 6,0 м П+1 61,00 273.554,50
      2.782.862,30

       

       
      б. Градежни парцели што ќе бидат предмет на издавање под долготраен
      закуп по пат на јавно надавање:

      в. Градежни парцели што ќе бидат предмет на издавање под краткотраен
      закуп по пат на јавно надавање:

      г. Градежни парцели што ќе бидат предмет на давање на користење заради
      давање на концесија или јавно приватно партнерство:

       
       
      3.Маркетинг стратегија за промоција на градежното земјиште што е предмет
      на оваа Програма:

      Определувањето на маркетинг стратегијата започнува со дефинирање
      односно претпоставување на заинтересираните страни за купување односно
      изнајмување на одредени делови од градежното земјиште. Заинтересираните
      страни се всушност потенцијалните купувачи и изнајмувачи на земјиштето и
      идни инвеститори, односно претставуваат целна групата на активностите од
      маркетинг стратегијата.
      Со оглед на различната намена и местоположба на градежното земјиште што
      ќе биде понудено, логично е целните групи за одделни локации да бидат
      различни. Следен чекор е идентификување на најефикасните маркетинг
      пристапи, алатки и канали за комуницирање/промовирање на понудата до
      заинтересираните страни. Маркетинг пристапот, алатките и каналите за
      комуницирање/промовирање се лимитирани од повеќе аспекти, но главно од
      финансиската моќ на општината. Како и да е, маркетинг стратегијата мора да
      обезбеди испраќање на вистинска, навремена и прецизна информација на
      вистинска адреса.

      • Дефинирање на целни групи за оделни групи на градежни парцели.
        Целни групи за предвидените градежни парцели се домашни и странски
        физички и правни лица кои се идни инвеститори.
      • Дефинирање на најефикасните маркетинг пристапи, алатки и канали
        ‐ организирање на форуми,
        ‐ собири на граѓани,
        ‐ рекламни спотови,
        ‐ веб сајт информации.
      • Дефинирање на опфатот и трошоците поврзани со имплементација на
        маркетинг стратегијата.
      • Дефинирање на временската рамка за имплементација на маректинг
        стратегијата.

      Имплементацијата на маркетинг стратегијата ќе се врши континуирано се до
      реализација на Програмата.
       
       
      4. Динамика на реализација на Програмата

      • Број на турнуси за објавување на оглас, временски период за објавување на
        огласите и распределба на градежните парцели по турнуси:
        ‐ Два турнуса во 2014 година.
      • Со цел минимизирање на финасиските трошоци поврзани со објавата на огласи
        за отуѓување, односно давање под закуп на градежното земјиште се
        предвидува градежните парцели што се предмет на годишната Програма да се
        објават во турнуси.
      • Турнусот би опфатил објава на огласи за сите градежните парцели што се
        наоѓаат во состав на локалитетот стопански комплекс „Криво Крушче“ с.
        Ранковце. Динамиката на реализација во вториот и четвртиот квартал на 2014
        година.
      • Условите за надавање: висината на депозитот за учество-20% од вкупната
        почетна цена за отуѓување, интернет страницата на која ќе се врши
        надавањето :www.gradezno-zemjiste.mk
        услови за учество :
      • Лица надлежни за реализација на Програмата:
        Моме Крстевски – дипломиран инжинер,
        Славица Ѓоргиевска – дипломиран инжинер архитект,
        Боби Трајчевски – дипломиран инжинер.

       
       
      5. Проценка на финансиските приливи по основ на реализација на
      Програмата (приходна страна на Програмата):

      Просечната пазарна цена за метар квадратен градежно земјиште по зони во
      локалитет стопански комплекс „Криво Крушче“ с. Ранковце изнесува 400,00
      денари а вкупната цена за предвидените градежни парцели со вкупна
      површина 46.520 метри квадратни изнесува 18.248.000,00 денари.

       
       
      6. Проценка на финансиските средства потребни за реализација на
      Програмата (расходна страна на Програмата):

      Финансиските средства потребни за реализација на програмате се состојат од збир
      на проценетите финансиски средства потребни за реализирање на селдните
      активности:

      • Трошоци по основ на администрирање на постапките за отуѓување, односно
        давање под закуп на градежното земјиште- 200.000,00 денари,
      • трошоци по основ на експропријација – 100.000,00 денари,
      • трошоци за промовирање, односно рекламирање на градежните локации што ќе
        бидат предмет на отуѓување, односно давање под закуп на градежното
        земјиште- 300.000,00 денари.

       
       
      7. Преодни и завршни одредби:

      • Програмата може да се изменува и дополнува на начин и постапка иста по која и
        се донесува.
      • За спроведувањето на оваа Програма надлежен е Градоначалникот на Општина
        Ранковце.>

       
       
      Програмата влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен
      гласник на Општина Ранковце“.
       
       

      Бр.07-864/8                                                               СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
      29.11.2013 год                                                                         Претседател,
      Ранковце.                                                                                    Тони Ангеловски