Градоначалник

Биографија – Даниел Павловски

Даниел Павловски е роден на 27 мај 1994 година во Крива Паланка. Основното образование го завршува во ООУ „Х.Т. Карпош“ во Ранковце, а средното образование во СОУ „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

По завршувањето на средното образование, Даниел ја продолжува својата академска кариера на Правниот факултет „Јустинијан Први“, каде што ги завршува правните студии. Подоцна, ја запишува и магистратурата на истиот факултет, насочена кон Административно право и јавна администрација, со цел да се усоврши во областа на јавните политики и управување.

Работната кариера ја започнува во приватниот сектор, стекнувајќи практично искуство, а подоцна се вработува на Царина, каде што продолжува да се усовршува и да гради професионална експертиза во областа на стоковниот промет и административните процеси.

 

Во периодот 2021-2025 година e член на Советот на Општина Ранковце.

Покрај професионалните ангажмани, Даниел е љубител на читање книги, како и на други активности кои придонесуваат за личен развој и ширење на знаењето.