Почетна arrow Профил на општината arrow Природни карактеристики
Почва Испечати E-mail адреса

Почвената покривка на ова подрачје се одликува со голема хетерогеност. Врз создавањето на вака мозаичен почвен покривач влијаеле многу педогенетски фактори од кои особено значајни се: геолошкиот состав, релјефот, климатските и хидролошките прилики како и растителниот и животинскиот свет. Особено на квалитетот на почвите влијае и човечкиот фактор. Но сепак како најзначаен фактор се смета геолошкиот т.е. матичниот супстрат. Минеролошкиот состав влијае врз хемискиот состав на супстратот, хемискиот пак влијае врз плодноста на почвите.
Почвообразователниот супстрат може да биде:
Почвообразователниот супстрат од компактни карпи (планинските простори); и
Почвообразователен супстрат од растресите и слабо сврзани седименти (котлински рамнини).
Последно ажурирање ( 6.12.2008. )
Прочитај повеќе...
 
Реки Испечати E-mail адреса

Разликите во релјефот, геолошкиот состав, надморската висина, климата и пошуменоста дејствуваат како фактори кои условиле значителни разлики во хидрографските прилики помеѓу планинското подрачје и Славишкото поле.
Првото подрачје планинското изобилува со извори и од Герман планина и од Осоговските планини. Осоговијата е богата со извори, потоци и реки. Ова богатство се должи на релативно големата надморска висина и геолошкиот состав. Најмногу се јавуваат во деловите каде што се застапени кристалести шкрилци. Најсилен е Тураничкиот извор на надморска висина од 1800m. Силни се и изворите на Царев врв (извор на Крива Река), Бела Вода, Калин камен и др.
  • Крива Река извира во подножјето на Царев врв од силен извор на н.в. 1800m, а се влева во Пчиња кај с. Клечовце на н.в. 295 m. Долга е 85 km, има површина на слив до 985 km2  и просечен пад од 186‰. Целата општина Ранковце и општина Крива Паланка претставува сливно подрачје на Крива Река.Минувајќи низ стрмен и тревнат предел ги собира повеќето извори што слеваат низ шумскиот појас. Низ текот ги собира реките: Киселичка река, Криљанска река и Дурачка река. Од изворитето до с.Псача има тесно клисуресто корито. Оттаму влегува во Славишко поле и има животно значење за ова плодородно поле, тука навлегува и на територијата на општина Ранковце.

Последно ажурирање ( 6.12.2008. )
Прочитај повеќе...
 
Клима Испечати E-mail адреса

Општина Ранковце лежи во Славишко поле, а од север  и југ ограничена со планинските масиви. Овие орографски карактеристики имаат битно значење врз формирање на посебна локална клима. Климата е умерено - континентална што се должи на географската диспозиција и на извесните влиајнија кои навлегуваат од Егејот преку Крива Река. Високите делови на Осогово и Герман планина се под влијание на планинска клима. Просечната годишна температура изнесува 10,2ОС и е за 1,6ОС пониска од просечната годишна температура во Куманово, а за 2,6ОС од температурата во Скопје. Во текот на годината најтопол месец е јули со просечна температура 20,0ОС додека пак најстуден месец е јануари со просечна вредност 0,3ОС. Просечното температурно колебање изнесува 20,3ОС кое е помало од Куманово и Скопје што се толкува со поголемата надморска висина. Просечната максимална температура е 15,9ОС. Највисоката максимална температура е 37,3ОС забележана на 25 јули 1987 год.
Последно ажурирање ( 6.12.2008. )
Прочитај повеќе...
 

Инфо

Општина Ранковце

Поштенски Број 1316
тел. 031/380 444
факс 031/380 444
e-mail: Оваа адреса на е-пошта е зашититена од спем-ботови, потребно е да го вклучите Javascript-от за да ја погледнете
Ранковце:
°
0

Скопје:
°
0

Линкови

Зелс

Локална самоупрва

Влада на Република Македонија

Собрание на Република Македонија

Македонија во ЕУ

skopjediem

krivapalanka.info


http://rankovce.gov.mk/web/images/stories/makedonski_zeleznici.png