Програма за изградба, реконструкција и одржување на уличното осветлување во Општина Ранковце за 2014 година

бр.17/2011, 53/2011, 144/12 и 25/13) и Правилникот за степенот на уредувањето на
градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на
утврдување на висината на трошоците за уредувањето во зависност од степенот на
уреденост ( “Службен весник на РМ” бр.38/2011) и член 23 од Статутот на Општина
Ранковце, Советот на Општина Ранковце, на седницата одржана на ден 29.11.2013
година, донесе:

ПРОГРАМА
За изградба, реконструкција и одржување на уличното
осветлување во Општина Ранковце за 2014 година

Согласно Законот за локална самоуправа, јавното осветлување е во надлежност
на Општината и ќе се реализира преку годишна програма.Содржината на годишната
програма е во директна зависност од средствата што ќе се обезбедат за нејзина
реализација. Финансирањето на оваа Програма е од средствата што се обезбедуваат
преку уплата на такса за улично осветлување од граѓаните и средства од Општината
собрани од други извори.
П Р И Х О Д И :
Висината на средствата што ќе бидат соберени за реализација на оваа Програма
не може точно да бидат определени и ќе зависат пред се од следните работи:

  • Редовноста на уплаќањето на граѓаните на таксата за улично осветлување

А К Т И В Н О С Т И :
Во тековната 2014 година према очекувањата за обезбедување на средства по
наведениот основ, такса за улично осветлување од напред наведената сума од 1 800
000,00 денари, како и средства од опшината се планираат следните активности:

1) Обновување и реконструкција на сијалични места и опрема за нормално
функционирање на уличното осветлување за кое ќе бидат потрошени 300
000,00 денари и притоа ќе бидат набавени:

  • живини сијалици од 125 W
  • живини сијалици од 160 W
  • заштитни стакла
  • трафо од 125 W
  • кабел за петта жица
  • и други резервни делови

2) Изградба на улично осветлување на улици и населби во Општината во кои
досега немаше улично осветлување, поставување на бандери и проводник за
петта жица, ќе бидат потрошени 1 730 000,00 денари.

  • Локален пат с.Ранковце од Полициска станица до Десетак во
    должина од 900 метри
  • с.Петралица (буина бара) во должина од 200 метри
  • с.Гиновци (М2-Бентомачки пат) во должина од 150 метри

3) Довршување на улично осветлување-поставување на дополнителен број на
канделабри на сите улици во Општината каде ќе се констатира дека има
потреба од улично осветлување.

4) Замената на прегорени и оштетени делови го врши Општината со сопствени
средства. За таквото одржување на уличното осветлување односно
ангажирање на електо инсталатери и камион дигалка со корпа ќе бидат
потрошени средства од околу 30 000,00 денари.

5) Во тековната година се предвидува дека приближно 2 000 000,00 денари ќе
се користат за плаќање на потрошена електрична енергија за улично
осветлување.

ФИНАНСИСКА ПРОГРАМА – РЕКАПИТУЛАЦИЈА

1. Очекувани приходи
1.1.Приходи од наплата на такса за улично
осветлување од граѓани ………………………………………..1 800 000,00 ден.
1.2.Средства од Општината…………………………………………2 100 000,00 ден.

                                                                                   Вкупно :3 900 000,00 ден.

2. Очекувани расходи
2.1.Материјали за одржување на улично осветлување…… 300 000,00 ден
2.2.Изградба на улично осветлување во с.Ранковце
од Полициска Станица до Десетак во должина од
900 метри…………………………………………………………………….1 350 000,00 ден
2.3.Изградба на улично осветлување во с.Петралица
(Буина Бара) во должина од 200 метри………………………….100 000,00 ден
2.4.Изградба на улично осветлување во с.Гиновци
(М2-Бентомачки пат) во должина од 150 метри…………….. 80 000,00 ден
2.5.Довршување на уличното осветлување- поставување
на дополнителен број канделабри………………………………40 000,00 ден
2.6.Ангажирање на фирма за замена и монтажа на
Уличното осветлување………………………………………………30 000,00 ден
2.7.Средства за потрошена електрична енергија………….2 000 000,00 ден

                                                                                       Вкупно: 3 900 000,00 ден

 

 

Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавување во “Службен
гласник на Општина Ранковце”.

 
Бр.07-864/3                                                                СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
29.11.2013 година                                                                          Претседател,
Ранковце.                                                                                    Тони Ангеловски