Програма за изработка и донесување на општи акти за населени места во општина Ранковце кои немаат урбанистичка документација за 2014 година

Врз основа на член 78 стaв 5 од Законот за просторно и урбанистичко
планирање („Сл.весник на РМ“ бр. 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12,
55/13, 163/13 и 42/14) и член 23 од Статутот на Општина Ранковце („Службен гласник
на Општина Ранковце“ бр. 09/05, 04/10 и 1/11 ), Советот на Општина Ранковце на
седницата одржана на ден 23.05.2014 година, донесе:
ПРОГРАМА
за изработка и донесување на општи акти за населени места во општина
Ранковце кои немаат урбанистичка документација за 2014 година

Со оваа Програма се предвидува -Изработка на општи акти за населени места во
општина Ранковце кои немаат урбанистичка документација согласно член 78 став 5 од
Законот за просторно и урбанистичко планирање и тоа:

    • изработка на Општ акт за село Ранковце
    • изработка на Општ акт за село Опила
    • изработка на Општ акт за село Љубинци
    • изработка на Општ акт за село Гиновци
    • изработка на Општ акт за село Петралица
    • изработка на Општ акт за село Псача

Општите акти содржат задолжително текстуален дел – одлука, најмалку еден графички
прилог и нумерички дел.
Средствата потребни за реализација на оваа Програма во висина од 360.000,00
денари се предвидени во Програмата за изработка на Урбанистички планови за
Општина Ранковце за 2014 година и истите се дадени во табеларниот преглед.

 

 

Реден број Назив на актот Цена /денари/
1 изработка на Општ акт за село Ранковце /
2 изработка на Општ акт за село Опила /
3 изработка на Општ акт за село Љубинци /
4 изработка на Општ акт за село Гиновци /
5 изработка на Општ акт за село Петралица /
6 изработка на Општ акт за село Псача /
Вкупно 360.000,00

 

 

Оваа Програма влегува во сила осмиот ден по објавувањето во „Службен
гласник на Општина Ранковце“.

 
 

Бр. 07-378/9                                                                 СОВЕТ НА ОПШТИНА РАНКОВЦЕ
23.05.2014 год                                                                          Претседател,
Ранковце.                                                                               Тони Ангеловски